Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (26.11.2019)

ОВЕН

Работa: Промена на работното место е пред вас, иако тоа не сте го очекувале. Треба да се прилагодите на новите околности.

Љубов: Напната атмосфера со партнерот, и тоа ве загушува и размислувате за прекин.

Здравје: Проблеми со колковите.


БИК

Работа: Не е поволен ден за нови одлуки. Можно е да имате некои мали потешкотии на ова поле.

Љубов: Ладни сте, и со саканата личност следува фаза на заладување. Внимавајте на чувствата.

Здравје: Избегнувајте слатки.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Сакате по секоја цена да се докажете, но на тој начин би можеле да ги нарушите односите кои ги имате со колегите.

Љубов: Пробајте да не давате до значање на мешањето кое постои во вашата врска. Љубовта треба да се негува.

Здравје: Болки во грлото.


РАК

Работа: Ве оптоваруваат ситници на работното поле. Како никако да не можете да „наместите“ се да биде по ваша мерка.

Љубов: Не ви се допаѓа ставот кој го завземала саканата личност, и може да имате бројни расправии со неа.

Здравје: Проблеми со јајниците.


ЛАВ

Работа: Наклонети сте кон тоа да влегувате во конфликти на работното поле. Можно е да покажувате некои лични фрустрации.

Љубов: Не умеете на вистинскиот начин да ги покажете своите чувства и делувате нервозно пред партнерот.

Здравје: Потребно ви е повеќе сон.


ДЕВИЦА

Работа: Сметате дека е дошло време полека да ја менувате работната стратегија затоа што вашите околности се смениле.

Љубов: Потребно ви е повеќе флексибилност во комуникацијата со партнерот. Често се карате.

Здравје: Проблеми со синусите.


ВАГА

Работа: Поволен ден пред вас. Работите ќе ви одат од рака и ќе бидете генерално задоволни.

Љубов: Имате шанса да бирате личност која најмногу ви се допаѓа и да ја освоите. Ве очекува можност за влегување во врска.

Здравје: Ве мачи кашлица.


ШКОРПИЈА

Работа: Немојте премногу да се потпирате на други луѓе кога е во прашање работата. Бидете подготовени одговорноста да ја превземете на себе.

Љубов: Претерано сте наклонети кон караници со саканата особа.

Здравје: Можни проблеми со црниот дроб.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Се наоѓате пред нови одлуки. Можно е да имате прилика за промена на работното место.

Љубов: Можеби меѓу вас и саканата личност постојат некои проблеми кои останале нерешени од порано.

Здравје: Полни сте со енергија.


ЈАРЕЦ

Работа: Имате финансиски проблеми кои од ден во ден се повеќе оптоваруваат. Неповолен период е пред вас.

Љубов: Можно е да на можете да остварите врска со личноста која ви се допаѓа, затоа што не сте слободни.

Здравје: Стресот ви штети.


ВОДОЛИЈА

Работа: Пробувате сите работи да ги завршите на време, но секогаш постои нешто што по малку ве кочи на ова поле.

Љубов: Можни конфликти со саканата личност и тоа околу некои ситници кои впрочем и не се толку важни.

Здравје: Вкочанетост.


РИБИ

Работа: Потребна ви е поддршка од колегите за да може да остварите еден работен проект на кој сте посветени.

Љубов: Многу сте чувствителни, па секој грешен збор на партнерот може да делува негативно.

Здравје: Преуморни сте.

GOLD
To Top