Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (29.07.2019)

ОВЕН

Работа: Ги решавате проблемите кои настанале по туѓа вина, и не ви е драго поради тоа.

Љубов: Имате додворувач кој е упорен, но вам неговиот пристап не ви се допаѓа.

Здравје: Ќе ви годи медитација.


БИК

Работа: Очекувајте дека во текот на денешниот ден ќе остварите позитивни решенија на ова поле.

Љубов: Пред вас се убави случувања. Со саканата личност ќе се сложувате добро.

Здравје: Одлично се чувствувате во својата кожа.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Исклучително поволен ден за работни промени е пред вас. Може да очекувате почнување на некои нови активности.

Љубов: Имате добар однос со саканата личност која ви покажува дека е кон вас искрена.

Здравје: Немате проблеми.


РАК

Работа: Доколку планирате работно патување, ќе ви се исплати. Може да очекувате почеток на нова соработка.

Љубов: Ќе имате интересен однос со личност со која флертувате веќе некое време.

Здравје: Полни сте со енергија.


ЛАВ

Работа: Ви доаѓа подобрување кога е во прашање полето на финансии. Задоволни сте од околностите.

Љубов: Добивате внимание од личност која ви значи и се надевате дека наскоро ќе влезете во врска.

Здравје: Подобрување на полето здравје.


ДЕВИЦА

Работа: Имате прилика да покажете дека сте посветени на работата и колку ви е важно на ова поле да напредувате.

Љубов: Се препуштате на своите чувства и уживате во убавите мигови со саканата личност.

Здравје: Потребен ви е одмор.


ВАГА

Работа: Ќе бидете сосема растоварени денеска. Можете да очекувате дека ќе успеете да се одморите од работа.

Љубов: Можно е односот со вашиот партнер да не е баш најдобар и дека ви е криво поради тоа.

Здравје: Ќе ви годи внесување на повеќе вода.


ШКОРПИЈА

Работа: Сте решиле своите работи да ги држите во тајност и да криете некои битни информации од останатите.

Љубов: Можно е вашиот однос со саканата личност да е во фаза на заладување, а тоа нималку не ви се допаѓа.

Здравје: Потребен ви е одмор.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Можно е да не сте добро организирани и да ви е тешко сите обврски кои ги имате да ги остварите во еден ден.

Љубов: Партнерот нема доволно доверба во вас, караниците стануваат преголемо оптоварување.

Здравје: Алергиски реакции.


ЈАРЕЦ

Работа: Ако сакате други да ве почитуваат, покажете и вие почит кон нив. Важно е да бидете отворени кон новите можности.

Љубов: Не ви годи љубомората и посесивноста која ја покажува вашиот партнер.

Здравје: Подобра исхрана ви е потребна.


ВОДОЛИЈА

Работа: Можно е новите шанси да ви „бегаат“ и да ве следи лоша среќа. Ни самите не знаете зошто е тоа така.

Љубов: Иако многу сте грешеле, саканата личност и натаму е со вас. Вашиот однос би можел да се менува на подобро.

Здравје: Водете сметка околу синусите.


РИБИ

Работа: Имате големи поланови за нови вложувања, а ни самите не сте сигурни дали ќе успеете да ги реализирате.

Љубов: Партнерот ве сака, но има преголема потреба за контрола, што нималку не ви се допаѓа.

Здравје: Внимавајте на штитната жлезда.

GOLD
To Top