Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (29.11.2017)

Овен

Вашиот успех денес зависи од брзината на реакциите, снаодливоста и вниманието. Во спротивно може да западнете под туѓо влијание. Можно е силна личност да влијае на вашите одлуки.

Бик

Ден, поврзан со изливи на чувства, клетви, измами и клевети. Денес не планирајте никакви средби и не разговарајте со никого. Подобро е да заминете некаде во природа и да се наполните со повеќе позитивна енергија.

Близнаци

Можно е денес настаните да не се развиваат на таков начин кој би ви се допаднал вам. За жал, одвивањето на работите воопшто не зависи од вас. Колку и да се трудите нема да промените ништо, подобро не се мешајте.

Рак

Денес обидете се да ги завршите започнатите задолженија. Ставете точка на стар спор со роднини, посебно доколку се работи за наследство на имот. Не е исклучено денес повторно да започнете комуникација со близок роднина.

Лав

Денот ветува да биде поволен во сите односи. Можни се неочекувани промени во намерите во вашата најблиска околина. Ваша блиска личност ви помага да се ослободите од грижите и проблемите, затоа послушајте го неговиот совет.

Девица

Животниот потенцијал ви се намалува. Може да настанат проблеми од различна причина. Ова особено се однесува на мажите од знакот. Склоноста кон авантури може да ве доведе до нагли и неочекувани пресврти во партнерските и деловни односи.

Вага

Голема е веројатноста за непредвидливи трошоци. Денот е исполнет со илузии, лаги и злоба. Само со напорна работа и осмислени активности може да избегнете несакани последици. Во втората половина од денот потребно е да пројавите одговорност при извршување на активностите.

Шкорпија

Можете да ги остварите своите цели само благодарение на храброста и способноста да ризикувате во сериозни ситуации, но само доколку сте доволно внимателни. Се што ќе успеете да остварите ќе биде благодарение на вашиот личен труд.

Стрелец

Денес денот се симболизира со работен ентузијазам и грижа за јавните работи. Денес може да добиете профитабилен предлог. Не треба да се откажувате. Ѕвездите ви советуваат да не ја менувате работата. Тешкотиите со кои се соочувате се привремени.

Јарец

Животниот потенцијал ви се намалува, што може да доведе до проблеми. Одложете ги далечните патувања. Можни се сериозни финансиски трошоци. При извршување на секојдневните обврски може да се соочите со пречки.

Водолија

За вас е многу важно восхитувањето и вниманието пројавено кон вас од страна на околината. Ѕвездите ве советуваат денес да не се мешате во текот на настаните. Тогаш е можно повеќето проблеми да исчезнат сами од себе. Тргнете пари настрана! Наскоро може да ви бидат потребни.

Риби

Поволен ден. Тој е извонреден во трендот на зголемување на позитивната енергија. Поволен период за службени патувања и посета на нови места. Можно е да се сконцентрирате на решавање на сериозен проблем.

GOLD
To Top