Новости

Астрологија

Идеи за новогодишни подароци според хороскопскиот знак

Каков подарок да одберете според хороскопскиот знак? Еве што ве советуваат ѕвездите.

Овен – За претставниците на знакот Овен, карактеристични по страста, нема поубав подарок од часови по танго. Уплатете курс по танго за вашиот Овен и ќе биде пресреќен/а.

Бик – Биковите се супер домаќини. Најдобар подарок за Бикот е корисен апарат за домаќинство или сет за готвење.

Близнаци – Близнаците сакаат да откриваат нови нешта, но сакаат и да читаат. Одлична книга може да биде вистинскиот подарок за нив, но обидете се таа да е редок примерок.

Рак – За емотивните Ракови идеалниот подарок ќе го најдете во антикварница. Но одлично ќе поминете и со вечера во рибен ресторан.

Лав – Лавовите се многу пребирливи и ги сакаат скапите подароци. Затоа, не штедете за нив кога е во прашање подарокот – бела техника или златна гравирана плочка.

Девица – Родените во знакот на Девица ги сакаат практичните подароци. Ќе се израдуваат на некој практичен гаџет, но добро ќе поминете и со книга со стручна содржина која нив ги интересира.

Вага – Родените естети многу внимаваат на изгледот, па подарокот треба да биде елегантен – софистицирано парче облека, одлични чевли, а може и скап парфем.

Шкорпија – Родените во знакот на Шкорпија ја сакаат мистеријата и црната боја. Идеален подарок за нив би бил долна облека во црна боја, а добро ќе поминете и со книга за мистерии.

Стрелец – Ако баш не можете да им подарите патување, барем викенд- патување, тогаш добро ќе поминете и со некаква амајлија.

Јарец – Не мислете се двапати за подарок за Јарците, и мажите и жените би сакале уште еден пар чевли.

Водолија – Билокаква техника е добредојдена за Водолиите, а доколку се работи за жена, уплатете и фризерки или козметички, спа третман.

Риби – Без размислување одберете некаков уметнички подарок, слика, фреска, скулптура.

GOLD
SN Finansii
To Top