Новости

Астрологија

Мажите родени во овој хороскопски знак важат за најголеми џентлмени

Нормално, воспитувањето посебно влијае на однесувањето на еден маж кон жената, но ако вашиот избраник е роден во овој хороскопски знак, тој дефинитивно е еден од најгрижливите мажи кои некогаш сте ги сретнале.

Мажите родени во знакот на Риби, важат за најголеми џентлмени во Зодијакот. Од моментот кога ќе ја сретнат жената на која ќе ѝ го подарат своето срце, тие апсолутно ѝ се посветуваат и секојдневно ѝ подаруваат ситни знаци на внимание.

Многу се емотивни и емпатични, а особено се чувствителни на промена на расположението на својата поубава половина, па ќе дадат сè од себе за да ја разберат, утешат, но и да ја насмеат.

Најмногу ги исполнува насмевката на лицето на саканата жена, па ќе дадат сè од себе за да ја израдуваат својата избраничка и секојдневно да ѝ го олеснуваат животот и да ја ослободат од грижите.

Многу се прилагодливи, а својата љубов ќе ја следат и во лоши и во убави моменти.

Тие својата избраничка ќе ја опсипат со љубов и ќе се потрудат јасно да ѝ дадат до знаење колку им е важна.

GOLD
To Top