Новости

Астрологија

Најсреќниот ден во 2019-та година за секој хороскопски знак

Сите ние имаме денови кога ништо не ни оди по план, но постојат и денови кои се совршени уште од нивниот почеток. Според астролозите, секој хороскопски знак има по еден најсреќен ден во годината. Па, дознајте кој е вашиот среќен ден за 2019-та година.

Овен: 24-ти ноември

Овој ден симболизира изненадувачки пресврт за Овните, а оттогаш сè ќе им биде во знакот на нов почеток. Очекувајте на 24-ти ноември да бидете навистина возбудени и среќни.

Бик: 18-ти мај

Биковите ќе ја почувствуваат најголемата среќа на 18-ти мај. Овој ден ќе им донесе решенија на некои проблеми кои долго ги мачат, како и неочекувано изненадување.

Близнаци: 24-ти ноември

На 24-ти ноември Близнаците ќе заблескаат во најдобро светло. По долгиот период на несигурности, многу нешта ќе се решат на овој ден. Може да станува збор за исполнување на очекување во љубовта или пак почеток на ново работно место.

Рак: 3-ти февруари

Има ли нешто поубаво за Раковите од љубовта? Ако сте родени во овој знак а немате партнер, на 3-ти февруари очекувајте средба со личност која има потенцијал за љубовна врска. Зафатените Ракови можат да очекуваат и веридба.

Лав: 7-ми август

Почетокот на август, а особено 7-ми, ќе ве ослободи од некој стар товар. Без разлика дали тоа е тагување по бивш партнер или некоја лоша навика, новата слобода и чувството на успех ќе ве направат горди и задоволни.

Девица: 9-ти септември

Овој ден е најопуштениот и најсреќниот ден од годината за сите Девици. Покрај задоволството што ќе го чувствувате во текот на целиот ден, на 9-ти септември ве очекуваат и некои добри вести.

Вага: 25-ти ноември

Крајот на ноември го обележува крајот на некоја голема расправа за Вагите. Во вашиот живот конечно ќе ги почувствувате долго очекуваните мир и хармонија.

Скорпија: 25-ти октомври

Го напуштате старото работно место и барате ново? Иако звучи како ризична одлука, сепак ќе ви се исплати. На 25-ти октомври ве очекува нова и примамлива понуда.

Стрелец: 26-ти ноември

Стрелците ќе го прослават нивниот среќен ден во ноември. Благодарение на оптимизмот и вербата во себе, тие навистина ќе им се доближат на нивните цели. Резултатите од напорната работа ќе почнете да ги забележувате на 26-ти ноември.

Јарец: 29-ти јануари

Уште во првиот месец од годината, Јарците ќе ги постигнат нивните цели кои долго време ги одолговлекувале. Без разлика дали станува збор за мал или голем успех, тој ќе бие вистинска мотивација за претстојната година.

Водолија: 23-ти август

Ова лето Водолиите ќе имаат можност да запознаат навистина интересни луѓе, а од некое пријателство може да се роди и љубов. На 23-ти август можете да го очекувате состанокот од вашите соништа.

Риби: 9-ти ноември

Постои причина за среќата на Рибите на почетокот на ноември. На деветтиот ден од месецот имаат најмногу сила да се справат со недовршените работи, а како резултат на тоа ќе ги очекува голема парична добивка.

GOLD
To Top