Новости

Астрологија

Неделен хороскоп (01.05 – 07.05.2017)

Овен

Во текот на оваа недела ќе се чувствувате расеано, или би можеле силно да реагирате на она што некој ќе го каже или направи. Со еден збор ќе бидете раздразливи. Што и да се случува, лесно можете да го надминете овој стимул, ако успеете да останете со ладна глава. Избегнувајте непромислени реакции. Размислувајте пред да зборувате. Не ја закопувајте главата во песокот и соочувајте се со предизвиците. Немојте во ниту еден момент да заборавите што ви е важно – тоа е да бидете среќни, задоволни и исполнети.

Бик

Ја започнувате оваа недела со многу детерминираност и амбиција. Всушност, дискусиите со одредена повозрасна личност или партнерот ќе се одвиваат на многу добар начин и ќе изнаоѓате важни долгорочни решенија. Кон средината на неделата очекувајте позитивни финансиски пресврти и изненадувања, како и прекрасни интимни моменти. Новите одлуки и неочекуваниот пресврт, ќе ги сврти работите во ваша корист. Што и да се случи, дејствувајте брзо, бидејќи околностите ќе се менуваат.

Близнаци

Односите со блиските не се многу добри. Планетарните констелации ќе се обидат да ви покажат кој е правилниот пат за злижување со блиските. Не влегувајте во конфронтации бидејќи нема да добиете ништо. На работното место ќе биде многу монотоно и се што правите ќе ви изгледа безсмислено. Ако работата не ве исполнува, раширете го погледот и видете какви опции постојат. Не стравувајте од промените. Ќе имате приходи но обидете се да зачувате нешто.

Рак

Иновативноста, како и другите таленти кои ги поседувате ќе ви донесат нови привилегии во животот. Останете позитивни, бидејќи ве очекуваат престврти за кои не ни помислувате. Средбата со вашиот поранешен партнер ќе направи да посакате да се вратите во минатото, но наместо тоа, почнете да гледате во иднината, можеби ве очекува нешто интересно.

Лав

Не е лошо да зборувате, но не зборувајте премногу бидејќи повеќето работи е подобро да се случат спонтано. Пуштите ја вашата љубовна врска да се развива сосема природно и без премногу анализи. За нив секогаш ќе имате и време понатаму. Едноставно уживајте. Соработниците ќе бидат сосем јасни во своите намери. Можни се тензии онаму кадешто најмалку сте се надевале. Ова тешко ќе ви падне, но сепак ќе морате да го прифатите тоа што се нуди и да се прилагодите најдобро какошто знаете.

Девица

Во текот на оваа недела треба да бидете свесни и промислени, бидејќи односите на партнерско ниво ќе бараат повеќе трпение и разбирање. Можна е расеаност, нефокусираност, интензивирани емоционални состојби, а не се исклучени и стресните ситуации кои ќе го тестираат прагот на вашата толеранција. Ќе биде потребно да внесувате повеќе рамнотежа во примарните односи и да се трудите да ги разбирате состојбите низ кои поминува партнерот. Се разбира дека треба да внимавате на вашите зборови и дела. Со малку свесно залагање работите многу лесно би можеле да тргнат во вистинската насока.

Вага

Ќе бидете насочени кон подобрување на работите во својот дом или местото на живеење, па дури и ќе решавате некои важни прашања кои се поврзани со семејната структура. Легалните прашања и деталите ќе го окупираат целото ваше внимание. Веќе кон средината на неделата импулсивно ќе се решавате на некакви кратки патувања, ќе се впуштате во интересни разговори со другите, ќе одите на нови места, ќе среќавате нови лица, а вашето секојдневие ќе биде збогатено со искуства. За викендот чувајте се од непотребни конфликти и избегнувајте комплексни личности.

Шкорпија

Ќе бидете непопустливи во дискусиите кои се поврзани со работата. Сите работи ќе ги доживувате сериозно, а неодговорноста на другите ќе ви пречи. Веќе кон средината на неделата ќе добиете интересни вести или ќе имате неочекувани финансиски подобрувања. Можеби ќе добиете потврден одговор за некои предлози. Во секој случај ќе почувствувате позитивен ветер во вашиот грб. Како резултат на зголемената верба во животот, ќе бидете подготвени на посмели чекори и одлуки. Чувајте ги вашите добри идеи, затоа што во текот на викендот, околностите ќе се променат.

Стрелец

Некој или нешто ќе ви создава стрес на работното место во текот на претстојната недела. Иако ова може да биде многу реално, сепак вие имате избор како ќе реагирате. Ако емоционално се дистанцирате од проблемот, ќе можете да го надминете многу едноставно и со стил. Играњето на ваквата игра обезбедува стабилна разврска и надминување, доколку сте сигурни дека вие сте во право, а другата страна греши. Затоа немојте да држите заложеници и да драматизирате. Всушност, Венера промовира добри односи со вашите соработници, колеги и надредени. Усогласувајте се со текот на живот и избегнувајте непотребни компликации.

Јарец

Во текот на оваа недела треба да бидете свесни и промислени, бидејќи односите на партнерско ниво ќе бараат повеќе трпение и разбирање. Можна е расеаност, нефокусираност, интензивирани емоционални состојби, а не се исклучени и стресните ситуации кои ќе го тестираат прагот на вашата толеранција. Ќе биде потребно да внесувате повеќе рамнотежа во примарните односи и да се трудите да ги разбирате состојбите низ кои поминува партнерот. Се разбира дека треба да внимавате на вашите зборови и дела. Со малку свесно залагање, работите многу лесно би можеле да тргнат во вистинската насока

Водолија

Луѓето од вашата околина би можеле да ве доживеат како мал диктатор во првите неколку дена од неделата, а посебно во групните активности. Ќе бидете подготвени целосно да се вложите за постигнување на вашите цели. Ќе бидете поддржани од авторитетните фигури и сите ќе бидат свесни за вашите доблести. Кон средината на неделата ќе имате важни љубовни и емотивни случувања, а односот со партнерот ќе се развива во нагорна линија. Некои од вас можеби ќе се чувствуваат ослободени од некоја непријатна ситуација и ќе бидат задоволни од развојот на настаните. Го привлекувате вниманието на другите, па затоа би требало повеќе да внимавате на вашите постапки.

Риби

Пред вас е период на значајни случувања кои се поврзани со финансиите, ресурсите и работата. Извесни се мали нервози околу некои доцнења, а некои ќе се нервираат поради невратените заеми и неподмирените долгови. Исто така, планетарните констелации укажуваат и на прашања кои се поврзани со некакви делби и поделби. Можеби ќе имате чуввство дека некој не е фер во однос на вас и тоа ќе ве лути. Лесно би можеле да бидете предизвикани кога се во прашање одговорностите  кои лежат vis a vis со другите. Сепак, имате многу силни положби кои можат да ги зголемат вашите приходи во овој период. Па, гледано долгорочно, нема потреба да се грижите.

GOLD
To Top