Новости

Астрологија

Неделен хороскоп (04 – 11.03.2019)

Овен

Оваа недела ги имате сите предиспозиции за да бидете успешни, гледајте тоа да го искористите на добар начин.

Постои незадоволство од страна на една личност која станала студена кон вас.

Чувствувате замор.

Бик

Ги решивте сите проблеми на работа кои ве мачеа, а сега сте преокупирано со финансиската стабилност. Тоа е она што ви е потребно.

Ви годи односот кој го имате со сегашниот партнер.

Пијте повеќе вода.

Близнаци

Работата нема да ве оптоварува оваа недела.

Заљубени сте до уши во личност родена во знакот Лав.

Спијте повеќе.

Рак

Се подобрува вашата финансиска ситуација. Не позајмувате пари на луѓе за кои не сте сигурни дека ќе ви ги вратат.

На полето на љубовта владее емоционална стагнација.

Здравјето е добро.

Лав

Не чувствувате дека работите пренапорно, бидејќи со леснотија го прифаќате тоа.

Заљубени сте како никогаш досега и емоционално исполнети.

Здравјето е добро.

Девица

Работата ви создава проблеми и ви пречи на личните планови. Не знаете дали да го следите патот на срцето или парите.

Партнерот ви е голема поддршка, но и тој губи трпение поради вашата работа.

Бидете физички поактивни.

Вага

Имате недоумици поради одлуките поврзани со работата. Можеби е подобро да ги пуштите другите да одлучат наместо вас.

Во љубовта постои личност која ве прави среќни како ниту една друга.

Занимавајте се со спорт.

Шкорпија

Работите повеќе од вообичаено, но оваа недела тоа нема да ви пречи бидејќи сте добро организирани.

Емоционално се потпирате на кратки врски, кои во последно време ги имавте дури и премногу.

Здравјето  е добро.

Стрелец

Имате потенцијал да напредувате на полето на работата. Треба само да и се обратите на една личност на работа која треба да ве забележи.

Оваа недела ви носи љубовен состанок, а тоа многу ве радува.

Добро се чувствувате.

Јарец

Плановите ви одат од рака и посветени сте на работата. Само така продолжете.

Имате сомнеж во саканата личност, избегнувајте кавги.

Ве мачи несоница.

Водолија

Се потпирате на членови на семејството за кои се надевате дека ќе ви помогнат да ја пребродите финансиската криза.

Заљубени сте, како и секоја пролет.

Добро се чувствувате оваа седмица.

Риби

Знаете што сакате и веќе сте на половина пат да го остварите тоа. Нема препреки.

Партнерот повторно ви се враќа во прегратки.

Здравјето е добро.

GOLD
To Top