Новости

Астрологија

Неделен хороскоп (05.06 – 11.06.2017)

Овен

Во работните кругови умеете често да го имате главниот збор и очекувате од другите доследно да ги следат вашите идеи. Блиц проценката на најдобрите можности и способности на добрата организација донесува нов успех. Вешто умеете да го наметнете своето мислење пред соработниците и да остварите важна улога во службените преговори. Секогаш кога се наоѓате во ситуација потенцирате современи решенија и професионално усовршување. Уживате во различни емотивни контакти или средби кои ви престојат. Многу работи стануваат достижни, тек кога своите мисли и чувства ќе ги споделите со блиска личност. Чувствувате голем емотивен занес и не го криете своето воодушевување, ви одговара љубовниот третман кој го добивате во друштво на саканиота(ата).

Бик

Понекогаш не е лесно да се остварат сите замислени цели кои ги имате поставено пред себе, но вие не се откажувате лесно пред различните препреки. Делувате вознемирено поради нечиј критики и се обидувате да ги промените основните услови во своето работно опкружување. Важно е правилно да се организирате, употребете успешна формула и не дозволувајте некој да ве престигне во намерите кои ги имате. Наидувате на нечие емотивно неодобрување или неразбирање. Помеѓу вас и саканиот(ата) повремено провејуваат некои „студени тонови“, потребно е да го обновите емотивниот дијалог и хармоничната врска. Доколку сте млади или слободи, нечие интересирање може да го толкувате на погрешен начин или во согласност со своите емотивни потреби.

Близнаци

Умеете многу промислено и селективно да избирате одредени ситуации во кои на најдобар начин можете да ги претставите своите професионални способности. Се наоѓате во фаза на креативен подем, така што често делувате снаодливо и оригинално во однос на своето опкружување. Сепак, повремено треба да прифатите компромисна варијанта. Вашата желба да доминирате на јавната сцена или во односот со блиската околина, има свои добри и лоши страни. Нема причина да заборавите на некои основни вредносни мерила или на редоследот на работите кој го одредува вашиот интимен живот. Во односот со саканиот(ата) скоро се станува „бледо“, ако не постои взаемна искреност. Потребно е да почувствувате заеднички импулс кој емотивно ве зближува и дополнува на различни начини.

Рак

Добро одмерете ги своите цели и преиспитајте ја улога која ја имате. Потребно е внимателно да ги анализирате своите соработници, како правилно би ги разбрале нивните работни мотиви или интереси. Нема причина да се однесувате безгрижно пред службените партнери, на тој начин го свртувате вниманието врз себе и давате повод за различни коментари. Исполнети сте со креативна енергија и умеете промислено да решавате компликувани ситуации. Исполнети сте со креативна енергија и умеете промислено да решавате компликувани ситуации. Се разликувате по начинот на размислување и делување во однос на саканиот(ата), но тоа нема да ви пречи да почувствувате заедничко задоволство. Додека има љубов, има и жар. Понекогаш „малите искри“, имаат силно или позитивно влијание. Вашиот однос со саканиот(ата) често потсетува на „љубовна игра“, која делува инспиративно и забавно.

Лав

Можно е нови случувања на работната сцена дополнително да ја компликуваат вашата соработничка или статусна положба. Некој од соработниците настојува да ги ограничи вашите можности, така што неочекувано ве доведува во непријатна ситуација. Не дозволувајте некој да ве испровоцира на работно-финансиски ризик. Бидете доволно воздржани, но и ефикасни во секој поглед. Во љубовниот однос, партнерот упорно се обидува да ви ги наметне своите идеи или правила на однесување. Не сакате да се наоѓате во нечија „сенка“, но се уште не гледате ниту излез од моменталната ситуација. Доклку сте слободни, ве очекуваат интересни средби и необични познанства. До љубовна романса се стигнува постапно и низ различни фази на емотивно зближување.

Девица

Новите случувања треба да ги проценувате од различни аспекти на важност, како правилно би ги согледале сите можности или ограничувања кои владеат на работната сцена. Опкружувањето на различни начини ги коментира вашите работни идеи, поради тоа размислете за нечија сугестија и влијание. Заедничкиот договор претставува позитивно поместување во решавањето на важни работни интереси. Ви недостасува поттик и топла емотивна фаза, така што ги преувеличувате своите потреби и пронаоѓате различни забелешки. Нема причина да се однесувате премногу строго кон саканиот(ата). Слободно изразете ги своите потиснати чувства или намери. Направете некој посебен гест на внимание кон својот партнер и во прилог на заедничката среќа.

Вага

Посветете внимание на сите корисни сугестии, некој ве наведува на добро решение и поттикнува ваша дополнителна ангажираност на различни страни. Успехот е невозможно да се оствари без прецизни информации и детални подготовки. Потрудете се да ги остварите своите цели во согласност со пропишаните норми за успешно работење, како и да воспоставите некој основен протокол. Делувате добро расположено и задоволно во односот со саканиот(ата), претчувствувате „врв“ на заедничката среќа. Доколку сте слободни, ви престои фаза на заљубување или на возбудливи средби кои ќе го разубават вашиот интимен свет. Не можете да останете рамнодушни на нечија појава, чуден поттик или на „љубовно влијание“.

Шкорпија

Се наоѓате во креативна фаза на работните можности, непрекинато смислувате нови идеи и ја поттикнувате својата околина на дополнителна активност. Важно ви е ефикасно да решите низа на прашања, кои ќе ви обезбедат долгорочна соработка или некоја парична добивка. Потребни ви се широки овластувања во работното организирање, умеете да процените добра можност и вистински вредности. Не можете да го испланирате секој детал од заедничкиот живот со блиска личност. Без оглед на забелешките кои повремено ги добивате, покажете дека ви е важна заедничката среќа или взаемната доверба. Понекогаш и малите работи донесуваат големо задоволство, ако правилно ги вреднувате и заеднички делите со саканиот(ата).

Стрелец

Користејќи ги сите предности со кои располагате се обидувате да создадете подобри услови и да ги остварите своите работни интереси. Без оглед на своите практични способности, не можете секогаш да ги усогласите различните интереси и да исполните нечиј очекувања. Потребно е да формирате нови критериуми, соработниците понекогаш имаат незаменлива улога во решавањето на работните дилеми. Некој ви дава добар пример. Повторно преиспитувајте ја совјата улога во односот со една блиска личност. Повремено делувате вознемирено, летаргично сте расположени и склони кон претерување во изразувањето на своите чувства или потреби. Често реагирате импулсивно или малку раздразливо кон саканиот(ата), нема причина дополнително да го компликувате својот љубовен однос.

Јарец

Кога постои судир на различни влијанија и мислења не е лесно да се пронајде заедничкиот интерес, преземете извесен ризик и одговорност пред соработниците. Потребно е да повлечете црта и да се определите за нов модел на успешна соработка. Не можете се да држите под своја контрола и не треба да се докажувате на некои погрешни страни. Забележувате различни детали во љубовниот однос и смислено затворате очи пред работите кои не ви се допаѓаат, но тоа е само привремено решение. Партнерот има свои приоритети, така што не посветува внимание на вашите планови. Вие сте личност која не се согласува со споредна улога во заедничкиот однос, не сакате да трпите нечие самоволие или емотивни хирови.

Водолија

Делувате загрижено поради нови информации на работната сцена и не сакате да се помирите со просечни резултати. Иако користите различни работни стратегии, постојат неочекувани компликации или проблеми кои објективно ве успоруваат. Некој од соработниците избегнува да го испочитува својот дел од обврските, што причинува дополнителни проблеми и успорување. Склони сте кон чести промени во емотивното расположение, имате впечаток дека некој ве оптеретува со своите барања. Нема причина да приговарате на саканиот(ата) поради неисполнети ветувања. Покажете поголема нота на самокритичност, причината за емотивното недоразбирање во односот со саканиот(ата) се наоѓа на двете страни. И сами сносите дел од вината.

Риби

Благодарејќи на новите информации кои ги слушате важно ви е да ги унапредите сите можности на успешното работење, но забелешката која ја упатувате на своите соработници не го донесува секогаш и саканиот одзив. Чувствувате психолошки притисок во желбата работите да добијат вистинска смисла и знаење. Бидете промислени, прифатете обврски за кои постојат заеднички интереси. Секогаш постои начин да се оствари добар компромис. Некој ве инспирира на активна улога во емотивната врска. Се наоѓате во ситуација да го промените својот љубовен живот и да се потсетите на некои незаборавни моменти во блиско друштво. Употребете ги своите квалитети низ изразувањето на некои заводнички манири, не дозволувајте  да ви недостасува фантазија, романтичност и нежност во друштво на саканиот(ата).

 

GOLD
To Top