Новости

Астрологија

Неделен хороскоп (18.11 – 24.11.2019)

Овен 

РАБОТА: Ве очекува генерално поволна фаза, особено кога станува збор за финансиите.

ЉУБОВ: На полето за љубов задоволни сте со ситуацијата, саканото лице ви е максимално посветено.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Бик  

РАБОТА: Доколку ве очекува некое патување, можни се компликации и проблеми да поведете сметка за тоа.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта постојат некои тајни кои не сакате да му ги кажете на партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со дишните патишта.

Близнаци  

РАБОТА: Ви доаѓаат промени поврзани за вашето поле за финансии, ќе имате и приходи но и расходи.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација ви е генерално стабилна но негде во длабочината на душата ќе чувствувате дека нешто ви недостасува.

ЗДРАВЈЕ: Без нагласени проблеми.

Рак  

РАБОТА: Периодот не ви е добар, особено на полето за работа, можете да се соочите со стрес и разочарување.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта немате сила за партнерот кој како некогаш да бара премногу од вас.

ЗДРАВЈЕ: Можна мигрена и вртоглавица.

Лав  

РАБОТА: Како се на деловниот план да се случува надвор од вашата контрола и немате многу обврски но ни преголемо влијание.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, можно е да имате некои дилеми во врска со вашиот партнер.

ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стрес и несоница.

Девица 

РАБОТА: Можно е да не се сите соработници искрени кон вас, не можете на сите да им верувате.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува некое мало разочарување или ви се допаѓа што партнерот е ладен.

ЗДРАВЈЕ: Можни посериозни проблеми со нервниот систем.

Вага 

РАБОТА: Периодот не е поволен за деловно напредување ниту пак е поволен за комуникација со надредените.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација некако ве гуши, не сте задоволни покрај партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Проблеми со грбот и урогениталниот такт.

Шкорпија  

РАБОТА: Немате ниту една причина за грижа кога станува збор за работата, ќе ви дојдат некои пари и поддршка.

ЉУБОВ: На полето за љубов можете да очекувате голема блискост со саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Можна е слаба циркулација во пределот на нозете.

Стрелец  

РАБОТА: Сериозно сте и посветени на вашта работа и целите, периодот е добар за нов договор и ново партнерство.

ЉУБОВ: Емотивно сте ладни и не поминувате доволно време со саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Можна вкочанетост во грбот и пределот на вратот.

Јарец  

РАБОТА: На работа максимално сте ангажирани но како тоа да не е доволно за да дојдете до посакуваните резултати.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта имате некои стравови и љубомора кон партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Омалаксаност и недостаток на енергија.

Водолија 

РАБОТА: Пред вас е фаза во која нема да имате многу деловни обврски, можете да се одморате без проблеми и напнатост.

ЉУБОВ: Емоциите не ви се во најдобрата фаза, а ако сте слободни сеуште нема нова врска на видик.

ЗДРАВЈЕ: Без проблеми.

Риби  

РАБОТА: Посветени сте и на работата, особено ако се занимавате со приватен бизнис, ќе забележите успех.

ЉУБОВ: Малку потешко ќе ги покажувате емоциите, на партнерот ќе му изгледа како да сте се затвориле во себе.

ЗДРАВЈЕ: Можни нагли осцилации на крвниот притисок.

GOLD
To Top