Новости

Астрологија

Неделен хороскоп 26 Ноември – 02 Декември 2018

Овен

Разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите, коректно се однесувате. Работата бара систематичност, па тоа со леснотија ќе го завршите. За одличното расположение, заблагодарете му се на партнерот и пријателите, тие целосно ве поддржуваат и ви помагаат да истраете во нешто. Планирате кратко патување.

Среќен ден: Понеделник

Бик

Иако постигнувате успех, тремата и внатрешната напнатост се неминовна цена за постигнатото. Доколку се јават емотивни проблеми и судири, најдете поповолен момент за расчистување. Задоволството најдете го во работата, или занимавањето со спорт.

Среќен ден: Петок

Близнаци

Ќе бидете победник со сите вербални дискусии, бидејќи ќе пронаоѓате солидни аргументи и ќе имате голема моќ за убедување. Искористете ги следните три седмици за преговори, важни презентации или отворени разговори за напредување во кариерата. Внимавајте на здравјето и започнете со важбање.

Среќен ден: Недела

Рак

На работа и понатаму добро ќе ви оди. И не само добро, ќе ги зголемите контактите и повеќе ќе се ангажирате околу соработниците. Некои ќе ја отворат вратата на нови личности за работа или пак тие самите ќе бидат повикани да работат на друго место. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Направете нешто за оние на кои им треба помош.

Среќен ден: Среда

Лав

Засилената енергија е комбинирана со пречувствителни реакции, па лесно ќе бидете во ситуација да заплачете. Се советува да не губите глава и да не паничите, туку разумно да ги согледате своите позиции. Опасноста од повреди исто така постои, но со разумно и сталожено однесување, успешно ќе ги елиминирате.

Среќен ден: Вторник

Девица

Многу задачи ве очекуваат во текот на целата недела, затоа најдобро е да си направите јасен распоред за тоа што прво ќе направите. Бидете внимателни како го трошите вашето време. Ви престојат важни средби, кои не би сакале да ги испуштите.

Среќен ден: Четврток

Вага

Постои само еден услов, за да напреднете и да се докажете, а тоа е да не се внесувате дополнителна емоција во тоа што работите. Набљудувајте ги случувањата и зачувајте го вашиот мир, што и да се случи. Само така може да се обезбедат правилни решенија.

Среќен ден: Понеделник

Скорпија

Не се потпирајте на никој, за да не останете разочарани. Тоа се однесува како на материјален, така и на духовен план. Ниту барајте помош, ниту давајте свое мислење. Ќе се справите самостојно во сите предизвици кои доаѓаат.

Среќен ден: Недела

Стрелец

Проценете кои работи можете да ги завршите денес, а кои можете да ги одложите. Не се фаќајте за најважното ако зависи од некоја трета страна. Најдобро е да бидете внимателни во врска со мотивот на оваа трета страна, која може квалитетно да ве измами.

Среќен ден: Петок

Јарец

Ако неделавта ви започне со радосна вест, ќе заврши со непријатен разговор или обратно. Што и да се случи треба да се потрудите да го минимизирате конфликтот, и да делувате со разумот, а не со срцето.

Среќен ден: Вторник

Водолија

Оваа недела премногу работи ќе ви се наталожат а вие ќе мора да ги завршите. Нема да ви остане ниту најмалку време за вашите лични обврски. Направете си потсетник што се треба да завршите деновиве, веројатноста да заборавите нешто е голема.

Среќен ден: Сабота

Риби

Имате некои недоразбирања со самите себе. И понатаму сте во фаза на емотивно задоволство, но и на преголеми очекувања. Колку сте подготвени да се жртвувате? Преокупирани сте исклучиво со себе и сопствените потреби. Денот е лош за практични работи и финансиски вложувања, но добар е за уметност и работи што вклучуваат фантазија.

Среќен ден: Четврток

GOLD
To Top