Новости

Астрологија

Денеска е најмоќниот ден во годината: Се што ќе посакате ќе ви се исполни

Летото започнува на 21 јули, денот е најдолг, а ноќта најкратка. Освен тоа, велат астролозите, овој ден со себе носи и посебна магична моќ. Ѕвездите ни се во прилог, затоа добро искористете го тоа.

Енергијата на Сонцето ни дава можност да започнеме ново поглавје во животот и да ги оставиме сите лоши зад себе. Доколку сте имале потешкотии во претходниот период, сега е време да се препуштите на енергијата на Сонцето и да започнете ново поглавје во вашиот живот.

Овој период носи свежа енергија која ќе успее да ве поттикне и мотивира, ќе можете да се носите со сите промени кои ќе ви се случат.

На 21 јуни опкружете се само со позитивни милји и гледајте како се развиваат можностите сами по себе. Доколку имате проблеми од минатото, денес е идеален ден да раскинете со нив. Ако веќе некое време имате бизнис идеја, сега е време да започнете да ја спроведувате.

Направете магичен талисман

На 20 јуни, пред спиење, запишете ги сите ваши желби и порака до себе, која ќе ви послужи како водич, на парче хартија, преклопете ја хартијата и чувајте ја во паричникот. Секој пат кога мислите дека не можете да постигнете нешто, прочитајте што пишува. Додека ги пишувате вашите желби, обидете се да се ослободите од сите негативни мисли и фокусирајте се само на позитивните.

Овој мал ритуал нека ви помогне да започнете ново поглавје, полно со позитивна енергија.

Евротип
SNBROKER
To Top