Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (04.04.2017)

Овен

Се трудите да ги контролирате случувањата на работното место и успевате да стабилизирате некоја ситуација која е многу стресна. Свесни сте дека вашите планови се грандиозни. Ако од неодамна сте на ново работно место би било паметно да не навлегувате во конфликти со колегите.

Бик

Ќе бидете изложени на будните очи на животната средина, каде околностите ќе ви наметнат прилагодување со најблиските и деловните партнери. Иако ќе ви се чини дека не се одвива она што сте го замислиле, набрзо ќе сфатите дека и таквата ситуација има свои предности.

Близнаци

Денешниот транзит на планетите ви носи добри можности за проширување на соработката,особено со оние на кои не сте сметале ниту сте се надевале дека ќе ви бидат од корист. Овозможете им шанса и потрудете се да соработувате. Ако ви се допадне некоја идеја за приватен бизнис, ќе ви биде потребна помош од блиските.

Рак

Смислата за комуникација и човечките односи ќе ви овозможат да го проширите бизнис влијанието. Ќе остварите контакти кои ќе имаат позитивно влијание врз вашата професионална иднина. Сепак, мора да бидете трпеливи и да чекате додека да се создадат поволни услови за реализација.

Лав

Колку и да уживате во друштво на други луѓе, потребно ви е време само за вас. Обидете се да работите сами, а ако не сте во можност, тогаш секако после работа, тргнете се од сите и релаксирајте се. Ако во последно време не ви одеше најдобро со луѓето кои ви значат, размислете за своите очекувања.

Девица

Колегите кои не ве виделе подолг период ќе се израдуваат на вашата средба и веројатно ќе се потрудат повторно со вас да имаат нова соработка. Имате проблеми со самодовербата и многу сте внимателни за нештата кои ги слушате за себе но и за другите. Следува поволна вест поврзана со пари.

Вага

Во приватните односи ќе дојде до израз вашата непопустливост и тврдоглавост. Ќе пружите отпор на барањата од партнерот. Ќе видите дека многу давате а добивате малку, па ќе барате другата страна да се прилагоди на вас и на вашите потреби. Внимавајте на трошоците!

Шкорпија

Доколку се стремите кон бизнис напредок, ќе морате да бидете послушни и без прашања да ги усвојувате одлуките за авторитет декретите на власт. Иако вам тоа нема да ви се допадне, на крајот ќе сфатите дека тоа е полесно отколку што мислевте. Финансиската ситуација значително се подобрува.

Стрелец

На работното место ќе имате активен и напорен ден. Иако се чувствувате добро во друштво со личноста која ги поттикнува вашите амбиции, сепак прекумерното залагање можно е да ви пречи. Бидете ефикасни во извршувањето на задачите и внимателно донесувајте одлуки.

Јарец

Потребни ви се добри совети, добра организација на работа и малку поголема самодоверба. Некој успеал да ве предомисли во намерите, па сега следува појава на нервоза поради таа одлука. Подготвени сте да инвестирате повеќе во себе. Добрата состојба на банкарската сметка за вас е најдобра рехабилитација.

Водолија

Околината ќе ви подари голема поддршка. Со мали чекори ќе напредувате во специфичните знаења. Тоа всушност ќе се случува со практична работа. Ќе уживате во откривање на нови сознанија, а неретко со воодушевување ќе зборувате што сте сфатиле. Нема сите да ве разберат, затоа внимавајте со кого зборувате.

Риби

На работното место ситуацијата ќе биде комплицирана, а вие ќе успеете да најдете решение за секој проблем. Одговорите на претходно поставените прашања ќе почнат да пристигнуваат. Сето тоа ве насочува кон понатамошна работа во која може да дојдат до израз некои мали таленти, но и знаењето.

GOLD
To Top