Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (08.04.2021)

ОВЕН

Работа: Ве очекува конструктивен разговор со надредената личност во врска со нов проект.

Љубов: Презадоволни сте како се развива врската. Тоа не ве спречува повремено да флертувате на страна.

Здравје: Стабилно здравје.


БИК

Работа: Самоуверени сте, вредни и оптимистични. На работа сте превземале улога на водич, и уживате во доминацијата.

Љубов: Задоволни сте од врската. Вашите емоции се интензивни и страствени. Имате големи очекувања.

Здравје: Добро се чувствувате.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Завршувате соработка со странските соработници затоа што сте не сте задоволни како се одвивала.

Љубов: Врската успешно се развива иако партнерот има тајни кои успешно ги крие од вас.

Здравје: Проблеми со урогениталниот тракт.


РАК

Работа: Ве очекува вообичаен работен ден во текот низ кој ќе имате многу обврски, но воедно ќе уживате во нив.

Љубов: Не сте задоволни од врската и размислувате да ја прекинете. Партнерот не го приметува вашето незадоволство.

Здравје: Стабилно здравје.


ЛАВ

Работа: Ве очекува работен состанок на кој одлично минувате. Ви следува и прилив на пари поради кој добро се чувствувате.

Љубов: Уживате во необврзувачки флерт и не приметувате дека брачниот партнер не е среќен.

Здравје: Болки во грбот.


ДЕВИЦА

Работа: Задоволни сте од резултатите. Од друга страна не сте задоволни затоа што времето ви оди на надминување на тешкотии.

Љубов: Емотивно сте неисполнети затао што не успевате да најдете партнер.

Здравје: Лоша циркулација.


ВАГА

Работа: Финансиите ви се стабилни. Си дозволувате себе да работите некои работи од чист идеализам и желба некому да помогнете.

Љубов: Ако сте слободни, ве очекува ново познанство со личност од странство.

Здравје: Главата е чувствителна.


ШКОРПИЈА

Работа: Многу сте вредни и имате или повеќе работа, или повеќе обврски, но ги одработувате паралелно.

Љубов: Ако сте слободни, ве очекува ново познанство преку работа.

Здравје: Чувствително ви е здравјето. Водете сметка околу бубрезите и главата.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Внимавајте на тајни непријатели на работа. Ве набљудуваат и се подготвуваат да ве нападнат.

Љубов: Врската одлично напредува. Другата страна е наклонета кон флерт, но вие не замерувате, затоа што сте сигурни во вашата врска.

Здравје: Стабилно здравје.


ЈАРЕЦ

Работа: Имате одлична соработка со колегите. Ве очекува прилив на финансии. Задоволни сте.

Љубов: Врската се развива подобро што сте очекувале, а емоциите и страста жестоко ви работат.

Здравје: Добро се чувствуваат.


ВОДОЛИЈА

Работа: Имате одлична интуиција. Најдобро е да ја послушате во носењето на било какви одлуки.

Љубов: Сте ги превземале сите фамилијарни обврски на себе, со оглед дека брачниот партнер е на пат.

Здравје: Солидно. Притисокот осцилира.


РИБИ

Работа: Вредни сте, самоуверени и посветени на обврските. Задоволни сте од резултатите и имате впечаток дека нема што не можете да го постигнете.

Љубов: Ако сте слободни, нема нови случувања на емотивното поле.

Здравје: Солидно здравје.

GOLD
To Top