Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (08.08.2022)

ОВЕН

Иако многу добро знаете што сакате, а имате и разработени планови, не е поволен период за големи зафати. Одложете ги сите видови инвестиции како и деловни одлуки, склони сте на грешки. Зајакнете го вашиот имунитет, бидејќи сте изложени на ризик од вирусна инфекција.

БИК

Им дозволувате на другите луѓе да го предимензионираат вашиот неуспех и на тој начин ви наметнуваат чувство на инфериорност и вина. Тешко е да се одржи самодовербата во моментна неуспех, но доколку не започнете навреме, краткотрајната непријатност може да се претвори во сериозен проблем.

БЛИЗНАЦИ

Дисциплина, тоа ви кажува овој ден. И токму кога е најважно, ве обзема замор и поспаност. Ако не се сепнете, ќе направите сериозни грешки за коишто ќе плаќате казни. Ваквите транзити на планетте се особено неповолни за вашето учество во сообраќајот.

РАК

Пристигнуваат интересни деловни предлози од стар близок пријател. Не е вистинско време да размислувате за големи потфати, сè што ќе помислите денеска нема лесно да се оствари во иднина. Затоа, обрнете внимание на себеси и на вашата сакана личност.

ЛАВ

Се чувствувате празно. Можеби овие денови сте завршиле важни задачи, па сте помислиле дека овој ден ќе биде спектакуларно радосен. Задоволството отсуствува поради наглото опаѓање на адреналинот. За да се вратите, итно смислете нови цели.

ДЕВИЦА

Ве очекуваат добри вести за значителен паричен приход, но потоа следуваат трошоци. Со навидум стабилизирање на финансиската состојба се подобрува и вашето расположение, што позитивно влијае на љубовната врска.

ВАГА

Можна е можност за дополнителна работа која не ви е потребна во моментов. Барате оправдување во финансиска компензација која не е доволна за напорот што треба да го вложите. Прифатете затоа што овој бизнис ќе се исплати на долг рок.

ШКОРПИЈА

Можна е интересна средба со слободоумна личност. Прифатете го предизвикот но чувајте го во тајност, бидејќи авантурата подоцна може скапо да ве чини. Стресни сте, потребна ви е рекреација, но во исто време внимавајте на физичките повреди.

СТРЕЛЕЦ

Под голем притисок сте. Вашата педантност не ви дозволува да ги оставите работите недовршени. Количеството на обврските во однос на времето што го имате на располагање остава впечаток дека самите сте си направиле хаос, поради што ќе завршите во кревет.

ЈАРЕЦ

Изненадени сте од приказната за колега кому бескрајно сте му верувале. Непотребно се нервирате, бидејќи информациите главно не се вистинити. Подобро внимавајте на исхраната и најдете начин како квалитетно да се одморите, бидејќи имунитетот ви е во сериозно опаѓање.

ВОДОЛИЈА

Потрудете се да слушате што ви кажуваат другите луѓе. Може да забележите дека некој се обидува да ви пренесе одлична идеја, но вие не реагирате. Ако ја дозволите можноста некој друг да смисли нешто корисно, ќе имате шанса значително да профитирате.

РИБИ

Не дозволувајте пропустот во концентрацијата да ве изолира од средината каде што сте високо ценети. Вашата инвентивност не пропадна, тоа е краткорочно заситување. Наскоро ќе имате можност да го преземете водството во важен деловен потфат.

Евротип
SNBROKER
To Top