Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (08.10.2020)

Овен

Денес ќе оставате впечаток на силна личност која знае што прави. Размислувате на темата врска, но сепак заклучувате дека не сте подготвени за толку значаен чекор.

Бик

Имате одлична комуникација со пријателите. Ќе запознаете нова личност која ќе ве освои со скромноста и прагматичниот поглед на светот.

Близнаци

Со поддршка од пријателите конечно ќе ги надминете старите проблеми. Расположени сте за средба со партнерот, но во домашни услови.

Рак

Имате впечаток дека семејството ве кочи. Имате тајна симпатија, но си зборувате на самите себе дека тоа е несериозно и дека односот никогаш не би успеал.

Лав

Со многу верба и труд ќе се обидете да ги решите проблемите. Одличен ден за ново познанство. Ќе ви се допадне скриениот сексапил и сила на другата личност.

Девица

Лути сте на себе бидејќи никако не успевате да ги решите проблемите. Незадоволни сте во врската и се прашувате дали дошло време да го прекинете односот кој веќе долго време не функционира.

Вага

Инвентивни сте, креативни. Инспирацијата е во полн замав и неуморно создавате нови уметнички дела. Тврдоглаво се држите до своите принципи кои на сила се обидувате да му ги наметнете на партнерот. Тој го одбива тоа во старт.

Шкорпија

Долго стагнирате, што самодовербата константно ви паѓа. Имате полна поддршка и внимание од партнерот. Неверојатно сте задоволни од тоа како ви се одвива односот.

Стрелец

Вредни сте, организирани, детални. Сите околу вас забележуваат колку се трудите. Незаинтересирани сте за дружење и забави. Денот ќе го поминете сами дома.

Јарец

Нервозни сте поради непланираните трошоци. Ви годи разговорот со партнерот. Имате впечаток дека е прилично рационална личност и дека ви помага реално да ги согледате работите.

Водолија

Размислувате за промени. Комуникацијата со партнерот ви помага да се опуштите, а неговата поддршка ја јакне вашата самодоверба.

Риби

Ве очекуваат несогласувања. На Рибите што сте во врска ќе им годи вниманието. И понатаму имате впечаток дека сте го направиле вистинскиот избор.

GOLD
To Top