Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (10.04.2017)

Овен

Се трудите да се ослободите од некои непотребни нешта, а всушност сте подготвени себеси да се натоварите со некои нови обврски. Не влегувајте во бизнис со некој кој е исклучително упорен и сака да му бидете десна рака во бизнисот. Не би требало премногу да се надевате кога станува збор за соработка со некоја Водолија.

Бик

Верувате дека со својата убедливост ќе постигнете некоја цел. Некој сака да се обиде да ви понуди поддршка но се двоуми кога станува збор за финансискиот дел од ваша страна. Добро се согласувате со лицата кои имаат добро разработен план и оние кои се подготвени да соработуваат. Трудете се за нови шанси за соработка со некои поранешни работодавачи.

Близнаци

Бидете потолерантни во кавгите, особено со блиските личности. Во решавањето на некој практичен проблем, ќе наидете на поддршка и добра волја. Се подготвувате да ја освоите довербата на некоја личност од важност. Трудете се да бидете фер кон сите, а во исто време немојте да ги запоставите своите потреби.

Рак

Можни се важни средби со некои лица кои се подготвени да прифатат некоја голема работа. Можно е да станува збор за соработка со личност од неодамнешното минато. Не се двоумете во врска со одлуката која се однесува на соработката, без оглед на несигурноста и сомежот кои ја поткопуваат вашата самодоверба.

Лав

Прилично сте конфузни и подготвени да прифатите недоволно платена работа за да докажете нешто. Ако сте добиле предизвикувачка деловна понуда, таа би можела да значи голем пресврт во вашата кариера. Можна е добра соработка со Водолија, Вага или Бик. Оние кои ве критикувале во минатото, денес ќе ве изненадат.

Девица

Ги цените добрите совети од личноста која ве разбира. Некој ќе ви понуди заедничка работа и ќе бидете подготвени да се вклучите во тоа. Имате можност да се смирите со некоја личност од минатото, само ако промените нешто во вашиот став. Не ја пропуштајте приликата да започнете со некоја нова и интересна работа.

Вага

Можете да бидете незадоволни и од развојот на ситуацијата на финансиски план. Не би требало премногу да се нервирате поради ставот на партнерот и неподготвеноста да го промени своето мислење. Уверени сте дека можете ситуацијата да ја завртите во ваша корист. Не се потпирајте на ветувањата на некој кој повеќе пати ве изневерил.

Шкорпија

Ви претстои поволен период за релаксација и опуштање. Уживајте во убавите мигови и соберете сила за работа. Ќе бидете повикани на некој настан, каде ќе се сретнете со многу интересни лица кои ќе ви остават силен впечаток. Не размислувајте за проблемите, за се постои решение.

Стрелец

Единственото решение за зголемување на продуктивноста е партнерството. Па затоа, започнете ја потрагата по ефикасен соработник. Ќе го искористите периодов за да ги зацврстите односите со пријателите, но нема да ви се допаѓа кога ќе бидете нивно рамо за плачење. Намалете ги трошоците и заштедете некој денар.

Јарец

Ќе започнете неколку проекти одеднаш. Иако нивното исполнување ќе бара вложување на многу напор, подоцна ќе можете да уживате во моменти на спокојство. На хумористичен начин давајте им забелешки на луѓето околу вас. Планетарните констелации ќе ја нагласат вашата духовитост и лукавост.

Водолија

Денешниот ден би можел да донесе пресврт во љубовниот живот. Многу лица ќе бидат збунети од вашите постапки, па ќе треба да го објаснувате секој ваш потег и кажан збор. Лесно ќе ви биде да процените дали некој ги споделува своите вистински чувства со вас. Никој нема да може да ви се сокрие зад маска.

Риби

Ве радува средбата со пријателите кои би можеле да ви бидат од голема корист во врска со новите работни ангажмани. Добредојден е советот од некое искусно лице, кој ќе ве натера да размислувате. Не се оптеретувајте премногу со секундарни прашања кои немаат влијание на вашите идни одлуки.

 

GOLD
To Top