Новости

Астрологија

Дневен хороскоп 10.06.2020

Овен (21.03 – 20.04)

Одлично ќе ви оди комуникацијата со непознати лица или со лицата од маркетинг секторот. Верувате во добар исход на работите кои во моментов ви изгледаат прилично напорни и веројатно имате впечаток дека вие сте главното лице за нивната реализација. Научете како да се релаксирате, не се оптеретувајте со неважни луѓе и настани.

Бик (21.04 – 21.05)

Вашата денешна неодлучност ќе ви претставува пречка за извршување на работните задачи. Многу тешко ќе успеете да ја одржите својата рамнотежа како на работното место така и во љубовта. Преголемите обврски ќе ви наметнат доста проблеми и непријатно расположение.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ќе добиете една примамлива понуда која ќе решите да ја зачувате за себе. Се работи за нешто што може да биде ризично и се уште не сте сигурни дали ќе ја прифатите. Би сакале да ја прифатите затоа што ќе ви донесе голема финансиска корист, но се плашите да не бидете осудени од опкружувањето.

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе добиете повик кој позитивно ќе ве изненади. Она за што се борите е правилно, но ќе треба подобро да соработувате со другите, барем за сега. Некои ќе гледаат да ја усовршат својата стручност. Оние што учат ќе бидат во добивка. Послушајте ги идеите на вашиот партнер.

Лав (23.07 – 22.08)

Обврските се множат, но вам сето тоа ве исполнува и задоволува. Случувањата кои следат на работното поле само ќе ви отворат уште многу можности за напредок. Ќе бидете при крај со силата, но сепак ќе бидете задоволни. Се обидувате реално да ја согледате својата професионална приказна, но ве мачат некои случувања.

Девица (23.08 – 22.09)

Полни сте со енергија, а доколку ја искористите во целост можно е да ви се овозможи значително да напредувате. Вашиот позитивен пристап дополнително ќе ви помoгне, потребно е да ја исфрлите тврдоглавоста. Денес ќе претставите некој мудар предлог.

Вага (23.09 – 22.10)

Денес не сте расположени за расправии и едноставо ќе сфатите дека од таквите разговори немате никакво добро. Невообичаено за вас, но сепак полесно ќе ви биде да седите и чекате решението да се појави отколку да се залагате. За среќа ситуацијата воопшто не е алармантна, па ќе упеете да ја финиширате позитивно.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашата планета Меркур во моментот е немоќна пред силата на Плутон. За вас тоа значи дека ќе биде потребно да ги издржите сите промени и да ја здржите вашата визија. Токму таа визија треба да ви биде водилка против силниот противник. Поставете се мудро пред оние кои сакаат да ве понижат и омаловажат.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Се ви изгледа премногу емотивно и не знаете од каде да започнете. Надминете ги своите стравови и не ја сфаќајте погрешно околината. Покажете ја вашата позитивна страна која е навистина моќна и не се плашете дека некој сака да ви наштети. Потребен ви е договор кој ќе го направите самите со себе.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе се почувствувате посрамено бидејќи околината јасно ги сфатила вашите намери. Не навлегувајте во расправии, туку прифатете дека вашиот план не бил фер кон останатите. Ќе ви биде многу полесно доколку ја намалите вербата само во себе и сарказмот.

Водолија (21.01 – 19.02)

Иако многу добро ги знаете сопствените вредности, денес ќе имате проблем да се идентификувате во околината. Некој ќе ги скрши вашите замисли и ќе ве доведе во депресија. Потребно е да застанете цврсто на нозе и да ги реализирајте замислите, нормално доколку претходно го исфрлите колебањето.

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе мора да се борите самите со себе за да премолчите нешто и да не ги искажете сите мисли пред некој доминантен член од вашето семејство. Моменталниот однос меѓу вас е прилично емотивен, па можно е ситуацијата да излезе од контрола. За среќа вашата креативност е на врвот па ќе пронајдете решение кое ќе ги задоволи сите страни.

GOLD
To Top