Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (12.04.2017)

Овен

Имате недоразбирања со околината и сето тоа е така поради вашата преголема слобода во постапките. Размислете на кого му наштетувате со несоодветното однесување. Во следниот период постои можност да преминете на некој друг проект кој можеби нема да ви носи толку приходи но сепак ќе биде посигурен.

Бик

Во текот на денот ќе ви се наметне потреба да бидете природни и да покажете поголема амбициозност. Не применувајте агресивно убедување и претерано зборување во комуникациите, затоа што ефектот може да биде спротивен. Родените во третата декада кои се наклонети кон експериментирање во љубовта, потребно е да бидат внимателни, затоа што не се очекуваат задоволителни резултати.

Близнаци

Работното темпо значително ќе се забрза, па ќе ви биде потребно многу дисциплина и напор за да можете соодветно да одговорите. Притисокот и тензијата ќе се зголемат и ќе ви биде потребно многу трпение за да се справите со актуелните случувања. Финансиската ситуација ви се подобрува, а паралелно со тоа и вашиот апетит за трошење расте.

Рак

Монжни се одредени проблеми и напнатост, но вие успешно ќе ги пребродите. Подгответе се за убав работен период во кој постои можност за напредување. Не се откажувајте иако тоа изгледа тешко. Со многу труд и напорна работа ќе бидете меѓу најдобрите. Финансиаката ситуација навлегува во период во кој подолго време ќе биде задоволителна.

Лав

Во семејството и во љубовта ситуацијата е стабилна. Многумина од вас овие денови активно ќе се ангажираат во соработката со шефот или од претпоставените ќе добијат посебни барања. Понекогаш ќе ви недостасува енергија за се. Затоа добро организирајте се.

Девица

Вашиот партнер бара премногу од вас, вие се фрустрирате и не можете да го постигнете тоа брзо темпо. Седнете и разговарајте, вие не сте лице кое избрзано постапува, па така немојте ни овој пат премногу рано да ставите крај на нешто што може да се  поправи. Слушајте ги вашите желби и споделете ги.

Вага

На работното место ќе се појават некои ситни проблеми. Важно е да бидете доволно мудри и да соработувате колку што можете. Ќе има плеткања, а вие ќе направите се за работите да станат појасни. Така ќе најдете компромис и ќе постигнете резултат. Во љубовта се можни мали несогласувања, кои можете лесно ќе ги надминете.

Шкорпија

На работното место владее тишина, тишина која ви пречи и која носи изненадувања кои можат да бидат непријатни. Не сметајте на другите кога станува збор за зголемување на мотивацијата на работното место. Пронајдете инспиративен пример и следете го. Во љубовта ситуација е далеку постабилна.

Стрелец

Емоционалниот живот ви е пријатен и хармоничен. Ќе имате многу добар контакт и одлично ќе се разбирате со партнерот. Можеби ќе се појави некој проблем на работното место, но сепак вие нема да го сфатите толку сериозно. Некоја личност која во минатото не била праведна кон вас, ќе побара средба и можност за нови почетоци.

Јарец

Проблемите на работното место комплетно ќе ја променат вашата психичка состојба. Во следниов период ќе се соочите со трошоци кои не можете да ги предвидите. Не ни помислувајте на заем. Можно е некој да се обиде да извлече информација од вас на нечесен начин.

Водолија

Завршете ги важните работи, разговори и состаноци. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики, дури и расправии од кои ќе излегувате како победник. Ситуацијата во љубовта е нестабилна.

Риби

Проблемите во односите ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го одземат времето за извршување на бизнис обврските. Не се расправајте со партнерот за неважни нешта кои само ве одалечуваат. Обидете се да размислите и постапете совесно. Некои финансиски средства кои ги очекувате малку ќе доцнат.

GOLD
To Top