Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (13.10.2022)

ОВЕН

Со многу упорност, али и со инает ги браните своите ставови. На тој начин избегнувате можност за носење на одлуки со колегите. Се обидувате да ги наметнете своите ставови кон саканата личност. Проблеми со циркулацијата.

БИК

Правите планови кои не сакате никому да ги покажете. Уживате во времето минато со партнерот. Партнерот смета дека, конечно ја нашол љубовта на својот живот. Проблеми со алергиите.

БЛИЗНАЦИ

Секогаш сте биле добар тимски играч. Денеска ги консултирате колегите во надеж дека ќе ви дадат некоја идеја како да ги решите проблемите. Имате симпатија. Се трудите да ви биде секогаш пред очите. Проблеми со урогениталниот тракт.

РАК

Одлично се чувствувате на работа. Сте решиле некои стари тешкотии и со полно ентузијазам влегувате во нов проект. Во емотивна смисла не сте задоволни. Потребно ви е потполно разбирање од партнерот. Се чувствувате мрзеливо.

ЛАВ

Презадоволни сте на работа. Вашиот труд се цени, а солидно и финансиски е следен. Сосема случајно запознавате личност која остава одличен впечаток на вас. Бешиката е чувствителна.

ДЕВИЦА

Не сте задоволни од ситуацијата на работа. Проектот на кој сте работеле губи приоритет и морате да се ориентирате на друг. Ве очекува ново познанство. Имате впечаток дека не сте дораснати за друга личност. Проблеми со притисокот.

ВАГА

Презадоволни сте со работната ситуација. Работата одлично напредува, а финансиите се стабилни. Пробувате да доминирате во врска, но партнерот не се согласува на таквиот однос. На полето здравје проблеми со алергијата.

ШКОРПИЈА

Загрижени сте поради работната ситуација. Работата стагнира, финансиите се се помалку. И покрај статусот на зафатена личност, мислите ви ги „краде“ млада, слободна личност. Главоболка, мигрена.

СТРЕЛЕЦ

Одлично минувате на работните состаноци. Елоквентни сте, убедливи, оптмиситчни… Го постигнувате саканиот договор. Саканата личност не е расположена и размислувате како да и помогнете. Проблеми со несоница.

ЈАРЕЦ

Не сте задоволни со ситуацијата. Префрлени сте на нов проект и сега започнувате од нула. Саканата личност има полна поддршка и љубов. Ќе бидете нерасположени и раздразливи.

ВОДОЛИЈА

Комуникацијата со соработниците не е најдобра. Не се разбирате. Многу ви смета што другата страна не ги разбира вашите планови. Партнерот е полн со разбирање за проблемите кои ги имате на работа. Напнатост.

РИБИ

На работа настануваат непланирани проблеми. Доживувате ги како предизвици, и сакате да ги надминете. Партнерот не е добро расположен и имате впечаток дека му треба да се испразни. Коските се чувствителни.

Евротип
SNBROKER
To Top