Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (14.04.2017)

Овен

Доаѓа до позитивна трансформација во вашиот начин на размислување и прифаќање на целокупната животна ситуација. Потполно сте подготвени за поголеми промени, ви се враќа оптимизмот и движечката енергија. Обидете се да го прифатите здравиот начин на живот, јадете здраво и вежбајте.

Бик

Доаѓаат многу нови работи и сега не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде многу полесно доколку сте подготвени и кога имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето што се околу вас. Нема да можете да изберете што сакате, а што не. Подгответе се за нови нешта.

Близнаци

Сакате да се реализира некоја ваша замисла, но потребно е малку повеќе да се потрудите. Ќе ве повикаат на некој деловен разговор на кој ќе бидете успешни и ќе преземете нов проект од кој ќе профитирате. Среќни сте и задоволни со партнерот, затоа возвратете ја грижата и љубовта.

Рак

Ви претстои поволен период за релаксација и опуштање. Уживајте во убавите мигови и соберете сила за работа. Ќе бидете повикани на некој настан, каде ќе се сретнете со многу интересни лица кои ќе ви остават силен впечаток. Не размислувајте за проблемите, за се постои решение.

Лав

Имате некој сомнеж кој  ви го одзема мирот. Постојано провоцирате и се обидувате да направите сплетка во која лицата околу вас ќе се издадат што мислат. Ве мотивираат погрешни нешта, поради кои во иднина би можеле да ви создадат проблем. Финансиската ситуација која веќе е сложена, полека се регулира.

Девица

Имате стратегија со која успешно ги завршувате работните обврски. Вашите колеги и соработници ќе бидат презадоволни од вашата помош. И на љубовен план работите ќе бидат задоволителни, и ќе имате можност да го зацврстите постоечкиот однос. Уживајте во заедничките моменти.

Вага

Извесно е некакво недоразбирање кое би можело да ја разниша вашта самодоверба. Некој пријател е лут поради вашите постапки. Обидувајте се да бидете смирени и сталожени. Поминете некое време сами и размислете кој ќе биде вашиот следен потег. Советите од семејството ги игнорите, премногу сте обземени од личните прашања.

Шкорпија

Денес бидете директни во разговорите. Ако имате предлог, кажете го без заобиколување. Ако некој позајмил од вас нешто и сакате да ви биде вратено, без воздржување побарајте го назад. Ако сакате да ја освежите врската, отворено разговарајте со партнерот. Не претпоставувајте дека луѓето читаат меѓу редови, бидете јасни и отворени.

Стрелец

Ова е мошне поволен ден за вас и вашата кариера. Откако ќе ги завршите сите обврски на работа ќе бидете повикани на состанок од кој ќе излезете уште позадоволни. Советите кои ви ги дава некоја блиска чичност се добронамерни, но сепак не се лесно применливи. Во недоразбирањата со семејството, покажете подготвеност на компромис и отстапки.

Јарец

Имате некој план за акција, идеја за бизнис, но сеуште се во фаза на подготовка. Не се откажувајте, доаѓа поповолен период во кој ќе забележите успех. Поддршката од семејството ќе ве однесе кон добрите резултати. Можни се проблеми со здравјето кои нема да сакате да му ги кажете на никој. Грижете се за себе и за луѓето кои ви значат.

Водолија

Имате планови, постојано нешто мечтаете но реализацијата никако да дојде на ред. Престанете да мечтаете за големи успеси и внимателно користете ги вашите ресурси. Потребно е да ги намалите и трошоците бидејќи финансиските прашања би можеле да ви зададат главоболки.

Риби

Имате големи очекувања од иднината, но наместо толку да се надевате земете и најпрвин завршете ги работните обврски, потрудете се да се вклучите во нови работни проекти, истакнете се и обидете се да заслужите напредување. Постои можност да сретнете некоја личност од минатото која ќе ве потсети на некои убави моменти.

GOLD
To Top