Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (15.04.2017)

Овен

Потполно сте свртени кон афирмација на вашата личност во општествените активности. Зголемениот број на контакти ќе ви овозможи започнување на нови проекти со нови партнери. Финасиската состојба исто така поволна, но ве очекуваат поголеми трошоци од обично. На емотивен план очекувајте подобрувања.

Бик

Немате причина да бидете загрижени. Денешниот ден ви носи доста пријатни моменти како на работното место така и во приватниот живот. Финансиската ситуација добива доста позитивен тек. Во сентименталниот живот, ако ништо не очекувавте од вашиот партнер може да се случи сосема спротивно, да бидете пријатно изненадени. Овој пат вреди да се ризикува.

Близнаци

Секогаш давате ветувања но никогаш не ги исполнувате. Будно ги следите настаните со продажбата на семејниот имот и не сте задоволни од случувањата. Можен е конфликт со некоја блиска личност од кој ќе извлечете голема поука. Внимавајте на финасиите и на здравјето.

Рак

Постојано го мерите однесувањето на луѓето во вашата околина, делите оценки за нивниот труд и ја критикувате нивната работа, но никогаш не сте самокритични и не забележувате дека и вие правите грешки. Некој гласно ќе ве предупреди за настаните. Постои некој семеен конфликт кој успешно ќе го решите.

Лав

Денот во целост е добар и покрај тоа што ќе имате и проблеми кои ќе морате да ги решите. Во финансиските работи ве очекува успех, но би требало да ги избегнувате работите поврзани со недвижнини. Лицата кои работаат со вас можат да ви задаваат помали проблеми. Ќе биде најдобро за се да решите сами, бидејќи луѓето покрај вас изгледа дека нема да ви бидат од голема помош.

Девица

Брзината со која комуницирате нема да биде на посакуваното ниво, а тоа ќе предизвикува извесни застои во извршувањето на работните обврски. Врз вашата положба на работното место влијаат и некои фактори за кои не сте свесни. Кога е во прашање љубовта, тука сте со среќна рака. Прекрасен ден за емотивни уживања за сите припадници на овој знак.

Вага

Пред вас е одличен ден во кој ќе се чувствувате прекрасно. Ќе бидете добро расположени, но попустливи кон партнерот, многу повеќе отколку обично. Избегнувајте поголеми работни обврски. Мудро би било важните работни одлуки да ги оставите за подоцна. Здраствената состојба не е најдобра, извесни се проблеми со дишните патишта. Не се изложувајте на големи напори и шетајте повеќе.

Шкорпија

Постојано се жалите за неправедноста, а не забележувате дека и вие неправедно се однесувате кон некого. Партнерот е незадоволен и бурно ќе реагира на вашето однесување. Односите на работа ќе бидат предизвикувачки, мора да внесете некои промени, и да ја смените гледаната точка.

Стрелец

Се чувствувате одлично, ова е поволен ден за вас и вашите планови во врска со карирата. Не сакате лажни ветувања, па затоа во наредната таква ситуација бунтовно ќе реагирате, а околината ќе ви завидува на храброста. Во љубовта се е совршено, конечно успеавте да ги средите односите. Плановите за иднината ќе го подобрат вашето расположение.

Јарец

Мислите дека уште имате време и дека сега не е поволен момент за промена на лошото работно место, и со тоа кој знае по кој пат го повторувате правилото дека не сте доволно способни да се носите со егзистенцијалните проблеми. Ќе размислувате долгорочно и ќе превземате категорични акции.

Водолија

Ова е доста интензивен ден кој ќе биде богат со многу настани. Ќе бидете чувствителни, а расположението ќе ви биде променливо. Многу ќе контактирате и ќе разговарате, но резултатите ќе задоцнат. Во емотивниот живот ве очекуваат непредвидени случувања.

Риби

Ве очекуваат некои пречки и проблеми кои многу ќе ве оптеретуваат. Бидете многу внимателни во постапувањата со имотот и засега избегнувајте важни одлуки, особено ако се поврзани со финансии. Односите со околината ќе бидат многу добри, но не особено блиски. Сега и немате потреба за комуникација и ќе бидете некако мрзоволни. Избегнувајте непромислени реакции.

GOLD
To Top