Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (17.04.2017)

Овен

Идеалистички сте расположени, но тоа не ве спречува ефикасно да ги решавате практичните проблеми. Односите со пријателите се добри се додека нивното мислење не се спротистави на вашето. Бидете повеќе самокритични и размислете повеќе за вашите ставови, не мора секогаш вие да бидете во право.

Бик

Од настаните ќе го извлекувате максимумот, но ни со тоа немојте да се задоволувате. Вие можете повеќе и подобро. Наскоро ќе имате сериозно преиспитување на постигнатите резултати. Морате да бидете јаки за да можете да се соочите со вистината. Со вашиот став се наметнувате на околината.

Близнаци

Многу ви е важно да го привлечете вниманието на околината и вашите идеи да ги претставите на оргинален начин. Ќе ви биде потребна дипломатска нота и добра работна стратегија во настапите пред соработниците. Употребете ја проверената формула. Ќе ве израдува нов емотивен сигнал.

Рак

Чувствително реагирате на секој вид на критика и се трудите на најдобар начин да ги решите проблемите кои се однесуваат само на вас и на вашите колеги. Ако планирате самостален , веројатно во текот на денот ќе размислувате како да го започнете што е можно поскоро. На емотивен план обидувајте се да одржувате рамнотежа.

Лав

Нема да имате причина за незадоволство, недоверба и стравови. Пред вас е интересен ден во кој можете да ги реализирате своите желби, како на работен така и на љубовен план. Особено слободните ќе остваруваат нови познанства и ќе имаат можност да започнат нешто ново.

Девица

Навистина сте успеале да постигнете рамнотежа, и тоа на сите полиња: полни со елан, добро здравје, и се разбира љубов со саканата личност. Работата и кариерата ќе бидат во втор план. Ве очекуваат многу убави моменти, па не треба да го губите времето на споредни работи.

Вага

Ќе бидете во хармонија со своите блиски, и ќе ви се врати ведриот дух. Не трошете многу енергија и не полемизирајте со никого, дури и ако бидете предизикани. Бидете поискрени со вашите пријатели. Ако сакате да внесете нешто ново, дали на работното место или во љубовта,ова е одличен ден.

Шкорпија

Иако од желбата за наметнување на сопствените убедувања на околината и на партнерот имате само штета, сепак тоа е појако од вас. Преголемата самоувереност би можела да биде голема препрека во вашето функционирање. Пожелно е понекогаш да покажете малку слабост. Бидете разумни и правилно проценувајте ги ситуациите.

Стрелец

Интензивно ќе работите на пронаоѓање на ново работно место, нови деловни партнери или пак на евентуално напредување на работното место. Ќе ви бидат нагласени интелектуалните способности како и амбициозноста и самодисциплината. Некој од блиските пријатели ќе ве запознае со интересна личност со која во иднина ќе ве врзува пријателството или страст.

Јарец

Постапувајте практично во животот за да можете загубите да ги сведете на минимум. Ќе спасувате се што можете да спасите. Само со јасни погледи можете да ја постигнете целта, во спротивно ќе имате недоразбирања со околината. Партнерот е прв на листата на осомничени за неискрено однесување.

Водолија

Денеска ќе бидете доста повлечени и напнати. Некои од вас ќе добијат желба да се подалеку од другите, односно да се повлечат во своите мисли. Ве очекуваат пријатни изненадувања на сентимантален план, но само ако ја вратите ведрината на вашето лице и ако се дружите. Заборавете на грижите, насмевнете се и уживајте.

Риби

Се обидувате да се дистанцирате од се што бара ваше мислење, а што може да ве доведе во судир со околината. Дали вреди поради тоа да се расправате  со вашите пријатели и да го раскинувате пријателството. Бидејќи ништо не постигнувате туку само се нервирате, бирајте неутрални теми за разговор.

GOLD
To Top