Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (18.04.2017)

Овен

Брзоплетоста е клучен збор за вашата момнетална ситуација. Промените и секојдневните предизвиции бараат голема количина на одлучност. Во љубовта внимавајте од љубомора и кавги кои би можеле сериозно да го оптеретат односот.

Бик

Ако работата ви е досадна ќе се обидувате на секој можен начин да ја одбегнете или пак да го збогатите денот со деловен ручек или дружење со колегите. Сите Бикови кои можат да ја изразат својата креативност и талент на работното место, сега е момент да успеат во тоа. Внимавајте на трошоците.

Близнаци

Ќе успеете да решите некои тешкотии и ќе почнете да размислувате за еден финансиски проблем кој подолго време ве измачува. Ќе имате многу концентрација и смисла за најразлични иницијативи. Комуникациите со околината се подобруваат.

Рак

На работното место ве очекуваат некои помали промени од кои нема да бидете многу воодушевени. Вниманието го насочувате на некои работи кои не се многу важни. Многу сте чуствителни и премногу субјективни во оценувањетео на вашата емотивна ситуација.

Лав

Ќе морате да бидете доста трпеливи и вашите проекти да ги градите постапно. Комуникациите со претпоставените и колегите ќе бидат задоволителни, па можете да очекувате разрешување на некои проблеми кои зависат од нив. Финансиската ситуација е просечна со тенденција на подобрување.

Девица

Претерано се грижите за вашата финансиска состојба. Размислувате за зголемување на вашата материјална сопственост. Во текот на денот ќе ви се укаже прилика за наоѓање на нов извор на финасии, но вам нема да ви бидат потполно јасни условите кои ви се нудат. Можеби е најдобро за тие прашања отворено да поразговарте со вашиот партнер.

Вага

Не ве очекуваат многу возбудувања, па затоа ќе можете да се посветите на вашите обврски. Планетарните позиции не ве изложуваат на големи предизвици, а тоа значи дека ќе можете да ги искористите вашите предности. Емоционално ќе бидете многу задоволни и пред вас е стабилен ден.

Шкорпија

Настојувајте да се занимавате само со своите обврски и обидете се да бидете што поконкретни. Не размислувајте за големи проекти. Средете ги односите со околината пред да биде доцна. Во љубовта внесете повеќе ведрина и разберање во односот со партнерот.

Стрелец

Одлично се чувствувате за било каков почеток, во деловните или приватните сфери. Нов бран на оптимизам ви ги облагородува вашите мисли, кои денес навистина ќе бидат прецизно и практично насочени во сите ваши активности. Сентименталните односи ќе бидат стабилни.

Јарец

Јарците со постојан работен однос ќе бидат материјално мотивирани да истраат во тековните обврски, а планетите потикнуваат и нови работни аранжмани, поголеми купопродажби, и вложување во некакви поголеми проекти. Вашата материјална состојба е задоволителна, иако постојано се грижите за иднината.

Водолија

Голем е притисокот за да можете да успете. Околината е по малку критички расположена спрема вас и спрема вашата работа и поставува прашања колку сте способни и вредни. Невработените ќе почуствуваат потреба за докажувње.

Риби

Можете да започнете со поголеми и важни работи, а ќе можете да развиете и некои нови проекти. Ќе се чуствувате се подобро, па и вашето расположение ќе придонесе за подобар успех. Ќе имате многу добри односи со претпоставените, па затоа сега е одличен ден за важни разговори и договори.

GOLD
To Top