Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (20.04.2017)

Овен

Ќе бидете изложени на будните очи на животната средина, каде околностите ќе ви наметнат прилагодување со најблиските и деловните партнери. Иако ќе ви се чини дека не се одвива она што сте го замислиле, набрзо ќе сфатите дека и таквата ситуација има свои предности.

Бик

Смислата за комуникација и човечките односи ќе ви овозможат да го проширите бизнис влијанието. Ќе остварите контакти кои ќе имаат позитивно влијание врз вашата професионална иднина. Сепак, мора да бидете трпеливи и да чекате додека да се создадат поволни услови за реализација.

Близнаци

Дали во интимните или во односите со бизнис партнерите, околностите ќе ве охрабрат за зголемен ангажман, при што ќе ги решите проблемите на нов начин. Иако нема се да се одвива непречено и без тешкотии, знаејќи дека имате напредок, ќе биде доволно за да истраете.

Рак

Нетрпеливоста ќе ве охрабри да преземете акција, при што ќе бидете доста непромислени, а грешките во чекори може да ви ја намалат вредноста на постигнатите резултати. Некоја постапка на блиска личноста ќе ја потенцира важноста на меѓучовечките односи и ќе ве поттикне да ги видите направените грешки.

Лав

Моменталниот застој на работен план ќе биде причина за привремено влегување во слепа улица. Не ќе можете да чекате, сакате брзо да живеете и ќе бидете склони кон авантуристични потези. Можеби ќе добиете понуда за патување во странство.

Девица

Денот ќе го обележат љубовни незгоди, при што од вас ќе се бара зголемена толеранција и подготвеност за компромис. Лекциите што ќе ги научите ќе ви помогнат подобро да ги разбирате другите и нивните мислења. Полесно ќе ги прифаќате емоционалните обврски и одговорности.

Вага

Љубовниот живот ќе се најде во сенката на професионалните обврски. Нема да се заљубите, ниту ќе барате нова љубовна прилика. На површината ќе се појават долго потиснати проблеми, така што поголем дел од денот ќе ви помине во размислување и усогласување на ставовите.

Шкорпија

Околностите ќе ве поттикнат на промени во однесувањето, при што најсилни сојузници ќе ви бидат енергијата и вербата во себе. Денот ќе го поминете во тесна комуникација со другите. Ќе запознаете нови луѓе, ќе склопите корисно познанство и ќе извлечете лекции од искуствата на другите.

Стрелец

Се обидувате да ги завршите одамна започнатите работи и ќе успеете во тоа доколку работите напорно и давате се од себе. Бидејќи во семејството ве очекува некоја поголема промена, можеби принова, односно се она што вас ви е особено важно, не се оптеретувајте со други непотребни работи, односно работи кои само ве заморуваат.

Јарец

Доколку се стремите кон бизнис напредок, ќе морате да бидете послушни и без прашања да ги усвојувате одлуките за во иднина. Иако вам тоа нема да ви се допадне, на крајот ќе сфатите дека тоа е полесно отколку што мислевте дека ќе биде. Во вечерните часови, можете да добиете некоја чудна порака или несекојдневен разговор.

Водолија

Во интимните односи ќе дојде до израз вашата непопустливост и тврдоглавост. Ќе пружите отпор на барањата од партнерот. Ќе видите дека многу давате а добивате малку, па ќе барате партнерот овој пат да се прилагоди на вас и на вашите потреби. Внимавајте на трошоците!

Риби

На работното место од вас ќе се очекува да бидете креативни, при што со задоволство ќе влезете во новата работна обврска. Можно е да почувствувате исцрпеност, но тоа е како резултат на вашите грижи и ангажирања. На емотивен план се оди како што сте замислиле.

GOLD
To Top