Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (21.04.2017)

Овен

Преиспитајте ги своите барања и критериуми. На работното место предизвикувате конфликти. Не можете да очекувате толеранција од другата страна ако не можете да возвратите. Мислевте дека ги пребродивте најважните проблеми, а веќе се јавуваат нови, во вид на расправии со партнерот и незадоволство во љубовниот живот.

Бик

Иако вашите пријатели не ве разбираат многу, тие ќе ги поддржат вашите напори. Препоставувате дека тие ќе се спротивстават на вашите необични идеи, но можеби само не сакаат да размислуваат на начин на кој вие го правите тоа. Ако чувствувате дека се е во ред, направете чекор напред и остварете ги своите планови.

Близнаци

Потрудете се денот да го поминете во друштво со саканото лице. Партнерот сака да му посветите малку внимание. Не штедете се во таа смисла. Потребно е да внесете ведрина и позитивна енергија. Возвратената љубов ќе ви биде доволна за издржување на обврските во текот на денот. Успеавте да заштедите некој денар и тоа е за пофалба.

Рак

Морате да се приспособите на околината ако сакате да избегнете проблеми. Покрај вас секогаш е партнерот, осаменоста тешко ја поднесувате. Нагласени ви се уметничките способности, очекувајте успех. Доминантни сте во односот со околината и имате вишок енергија.

Лав

Внимавајте на пријателствата. Исто така и на партнерот кој е избезумен од вашето однесување. Се наоѓате пред важно патување поради кое се чувствувате добро. Потрудете се повеќе да бидете во друштво на пријателите. Бидете внимателни, бидејќи претерувате кога ќе почувствувате дека имате повеќе пари.

Девица

Имате променливо расположение, посуетни сте од обично. На околината не и е лесно со вас. Алармантно е тоа што самите себеси сте си најголем непријател. Ниту еден план денеска нема цврста основа, па не се надевајте на идеален резулта. Иако мислите дека некого мудро сте го надминале, верувајте дека тој ги прочитал вашите намери.

Вага

Однесувањето на соработниците ќе влијае на вашето денешно расположение и планови. Бидете дисциплинирани кога е во прашање здравјето. Додека на едно поле ќе назадувате, на друго ќе ви се отвораат нови можности. Нервите ви се чувствителни. Внимавајте на исхраната. Можни се ситни неприлики кои би можеле да ве успоруваат на патот кон целта.

Шкорпија

Денешните средби, контакти и разговори со луѓе ќе ве усреќат. Вашата дружељубивост ќе и биде симпатична на околината. Ќе бидете успешни во комуникацијата, учењето, трговијата и давањето услуги. На работното место се оди како што сте замислиле. Бидете посериозни и ќе успеете да ги реализирате плановите.

Стрелец

Уметнички сте ориентирани. Потрудете се да се докажете во работата. Оние кои не преземаат ништо најдобро е да внимаваат што зборуваат. Почнете да размислувате за некакви промени во секторот на работата. Најдобро од се е тоа што сте свесни за своите способности.

Јарец

Ќе бидете експерти за хармонична комуникација и убедување. Никој нема да може да ви каже „не“, па искористете го тоа најдобро што можете. Ќе бидете „душата“ на друштвото и во следните четири недели ниту една забава нема да биде комплетна без вашето присуство.

Водолија

Избегнувајте расправии, бидејќи нешто може да тргне во погрешен правец. Работете го само она што ве мотивира. Парите ви се на прво место, така што би прифатиле работа која не ве интересира. Рационалноста е изразена и тоа е добро, но морате да се свртите кон сопствените проблеми. Одработете ги своите работни обврски, бидејќи наскоро би можеле да се најдете во голем хаос.

Риби

Сентиментално сте расположени, пристапни не само за туѓи проблеми туку и за туѓите расположенија. Па затоа одбирајте поведри луѓе, смејте се и радувајте се бидејќи тоа е вистинскиот лек за вашата душа. Луѓето со негативна енергија одбегнувајте ги – само можат да ви наштетат.

GOLD
To Top