Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (24.06.2022)

ОВЕН

Промена во работното опкружување можат да очекуваат тие кои се занимаваат со финансии и трговија. Проширете го кругот на соработниците, посветете повеќе време на партнерот бидејќи доаѓа до заладување на односите меѓу вас. Можна е настинка и температура, што никако не ви одговара за ова топло време.

БИК

Новите елементи во кариерата ќе се состојат во почетокот на приватниот бизнис и проширувањето на кругот на соработка со нови соработници. Успешно ќе го решите проблемот на фамилијарно ниво. Конструктивен разговор со партнерот ќе го реши спорното прашање. Болка во половината.

БЛИЗНАЦИ

Заклучувањето на договорот и соработката со странство може да бидат главни теми овој период. Можен е почеток на работа на голем проект. Овој ден ви дава прилика да и се доближите на личноста со која долго се среќавате, а никако не сте смееле да и пријдете. Ревматични раце, незаштитени сте во зимскиот период

РАК

Поволен период да активирате уште еден извор на приходи. Во овој период едно ваше хоби може да стане повеќе од тоа. Љубовната дилема ќе го обележи овој период. Ви се допаѓаат истовремено две лица, и тоа на различен начин. Пливањето лошо делувало на вашето слушање.

ЛАВ

Успехот во креативните занимања и реализацијата на иновативни идеи се главни обележја во овие 6 дена на работа. Личноста која неодамна сте ја запознале ви ги „опседнува“ вашите мисли. Наскоро ве очекува романтичен состанок. Полни сте со негативна енергија, бидете некое време сами.

ДЕВИЦА

Напредокот во кариерата ќе го остварите преку професионално усовршување. Унапредувањето на финансиската ситуација е проблем во рамки на семејството или некои од вашите дома бара да биде многу брзо решен. Ќе го средите тоа тимски. Ве мачат синуси, побарајте совет на експерт.

ВАГА

Ве очекува успех во креативната работа и затоа посветете се во наредниот период. Зголемениот обем на работа ќе ве донесе до подобрување на финансиите. Чувствувате дека сте во деликатна ситуација бидејќи се повеќе ви се допаѓа личност со која деловно соработувате. Главоболката потекнува од зголемениот притисок.

ШКОРПИЈА

Зголемен обем на работа ве очекува доколку сте во областа на угостителството. Подобра финансиска ситуација. Партнерот започна да се оддалечува и имате чувство дека сте два различни света. Неопходно е повеќе да се отворите. Многу ви е сува кожата. Пијте повеќе вода

СТРЕЛЕЦ

Неопходно е да спроведете реорганизација на работата за работите да почнат подобро да функционираат. Финансиска добивка. Партнерот денес ќе ви приреди убаво изненадување. Вашиот однос се движи кон патување. Задоволни сте со себе, добро сте расположени.

ЈАРЕЦ

Четири планети денес се во вашиот знак и ви носат зголемена динамика на сите планови. Унапредување во кариерата. Посебен емотивен момент имате денеска, па затоа вашиот однос со партнерот обележува посебна нежност. Подарете повеќе внимание на негата на кожата.

ВОДОЛИЈА

Задкулисни игри и манипулации кои се случуваат зад вашиот грб можат доцна да бидат откриени. Некој гради ривалски однос со вас. Можете да се впуштите во врска која може да стане многу посериозно отколку што се чини на прв поглед. Главоболка, напнати сте во последно време.

РИБИ

Овој ден ќе ви помине во знакот на важен работен договор. Денес можете да потпишете договор за долгорочна соработка. Рибите кои се во брак денес можат да наидат на несогласување и љубоморни сцени од страна на партнерот. Обратете внимание на облеката која ја носите.

Евротип
SNBROKER
To Top