Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (25.01.2021)

ОВЕН

Работа: Ве интересира друга работа. Пробувате преку фамилијарни врски да најдете нова работа.

Љубов: Брачниот однос е стабилен, без оглед на проблемите кои ги имате во другите сфери на животот.

Здравје: Солидно здравје.

БИК

Работа: Работата нормално се развива. Одличен ден за комуникација со претставниците на медиумите. Оставате впечаток на способна личност.

Љубов: Презадоволни сте од односот со брачниот партнер. Имате впечаток дека бракот е идеален и цврст.

Здравје: Стабилно здравје.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Работата е стабилна. Надредената личност е задоволна од вашата работа и има планови со вас, кои и натаму не ги открива.

Љубов: Одличен ден за ново познанство. Другата страна ви делува силно, сексуално, привлечно.

Здравје: Стабилно здравје.


РАК

Работа: Ако се занимавате со приватен бизнис, имате одлична комуникација и соработка со странци.

Љубов: Ве очекува ново познанство. Ви се случува љубов на прв поглед. Фасцинирани сте од новиот познаник.

Здравје: Лоша циркулација.


ЛАВ

Работа: Ако се занимавате со приватен бизнис ве очекува успешен службен пат и договор врзан за финансии.

Љубов: Емотивното поле е лошо прикажано. Не сте задоволни од односот на другата половина и размислувате за прекин.

Здравје: Слаб имунитет.


ДЕВИЦА

Работа: Ако се занимавате со приватна работа, приморени сте да ја прекинете соработката. Атмосферата е непријатна.

Љубов: Емотивното поле не ве интересира, затоа што сте фокусирани на работни и здравствени проблеми.

Здравје: Хронични болести.


ВАГА

Работа: Ако се занимавате со приватна работа, минувате низ тежок период. Размислувате за затворање на фирмата.

Љубов: Ако сте слободни, нема нови случувања на ова поле. Дури сте во фаза кога не ве интересира дружење ниту излегувања.

Здравје: Стабилно здравје.


ШКОРПИЈА

Работа: Работата е во застој било да се занимавате со приватна работа или да работите за друг. Имате впечаток дека минувате низ најголемата криза во животот.

Љубов: Бракот е стабилен. Верувате дека тоа е единствена стабилна и светла точка во вашиот живот.

Здравје: Имунитетот е слаб.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Работната ситуација е стабилна. Амбициозни сте и не размислувате за освојување на странскиот пазар.

Љубов: Имате проблеми со децата. Имате впечаток дека веќе немате контрола и ништо не ве слушаат. Партнерот има нешто пооптимистички став.

Здравје: Се чувствувате добро.


ЈАРЕЦ

Работа: Добивате нова понуда. Кога ја анализирате, наоѓате само предности и причини поради која треба да ја прифатите.

Љубов: Запознавате нова личност преку пријател. Првиот впечаток е дека поседува квалитети кои вие ги цените.

Здравје: Хронични проблеми.


ВОДОЛИЈА

Работа: Се распрашувате кај пријатели за нова работа. Тие ветуваат дека ќе се распрашаат и дека ќе ве инфомираат кога некоја шанса ќе се укаже.

Љубов: Не правите ништо по прашање на подобрување на односот со брачниот партнер. Се повеќе се оддалечувате еден од друг.

Здравје: Циркулацијата е слаба.


РИБИ

Работа: Ако се занимавате со приватен бизнис, запознавате личност која остава силен воечаток на вам и нудите работа.

Љубов: Односот со брачниот партнер не е најдобар. Имате впечаток дека е фокусиран на работа, и на пријателите, и дека ве игнорира.

Здравје: Недостаток на енергија.

Евротип
Евротип
To Top