Новости

Астрологија

Дознајте каква тајна кријат последните две бројки од вашиот датум на раѓање!

Последните две бројки од вашиот датум на раѓање се многу важни, бидејќи укажуваат на 5 основни елементи кои ги дефинираат поглемиот број важни случувања во вашиот живот.

Според древниот кинески календар, петте основни елементи се: метал, вода, дрво, оган и земја. Астролозите сметаат дека овие, основни елементи, имаат влијание на човековата природа и на крактерот на секоја личност.

Ако во датумот на раѓање последни бројки ви се:

0 или 1 – елемент метал:

Овој елемент претставува флексибилност и концентрација. Вие сте одлучни и уполни и верувате во своите способности. Можете да бидете резервирани и да имате потреба за личнен простор.

Им помагате на другите и секогаш се грижите за своите најблиски, но никогаш не барате помош од други. Вашиот независен дух ви помага во освојувањето на другите луѓе.

Не сакате совети, ако не сте ги побарале самите. Многу сте амбициозни и успешни. Уживате во луксуз, удобност и слобода.

Во љубовта многу барате и сте многу критични кон другите, што може да ви биде проблем во врската.

2 или 3 – елемент вода:

Чувствителни сте и имате развиена емпатија, интуиција и креативност. Многу сте комуникативни и луѓето ве сакаат поради тоа.

Вешти сте манипулатори, така да можете да доминирате над партнерот без агресија. Многу сте љубезни, лесно добивате доверба и внимание од другите луѓе.

Поради вас секој се чувствува посебно. Ваша слаба точка е љубезноста, партнерот тоа може да го искористи во врската, затоа бидете внимателни.

4 или 5 – елемент дрво:

Симбол на растот и напредокот. Вие сте динамична, активна и друштвена лучност. Секогаш пробувате да го задржите позитивниот став, дури и кога ќе тргне на лошо.

Добри сте во организирањето и на работа сте во состојба да носите добри одлуки, бидејќи се грижите за вработените. Имате отворен ум и луѓето ви веруваат.

Самоуверени сте и делувате во складот со вашите уверувања. Се однесувате заштитнички кон семејството. Брзо се врзувате со партнерот и вложувате многу енергија во врската.

Ваша слаба точка е тоа што премногу работите. Не дозволувајте да останете анонимни помеѓу илјада луѓе. Излезете и покажете ги своите вредности.

6 или 7 – елемент оган:

Елементот оган е симбол на страста, акцијата и брзите реакции. Вие сте романтична личност, немирна, силна и оптимистична. Заводливи сте, страсни, но и внимателни.

Во љубовна врска влегувате сосема предадено. Во работата сте добар лидер. Ги привлекувате луѓето како магнет. Вашиот мозок е преполн со нови идеи и интелегентни решенија.

Прагот на толеранција ви е многу низок, нетрпеливи сте и сакате секогаш се.

8 или 9 – елемент земја:

Ова е симбол на стабилноста, сигурноста и довербата. Вие сте перфекциониста, многу сте мудри и трпеливи. Сериозно ги доживувате вашите одговорности и во состојба сте да бидете жртва, поради другите.

Склони сте да ја анализирате личноста со која сте во врска. Кога ќе ја добие вашата доверба потоа знаете дека на неа можете да се потпрете секогаш.

Толку сакате да ја контролирате секоја ситуација, дури и ако нешто случајно излезе од ваша контрола кревате паника.

Евротип
Евротип
To Top