Новости

Астрологија

Кога завршува ретроградниот Меркур? Чувајте се од овие 3 датуми во октомври, а потоа очекувајте успех

Планетарни аспекти за месецот Октомври.

Емоционалните врски за многумина ќе се намалат, а некои ќе се зајакнат. На сите по заслуга.

Планетите ни помагаат и ни даваат лекции што треба да совладаме и учиме. Исто како и на училиште. Ако не сте научиле, добивате слаба оценка и одите на поправка.

Дали ја научивте лекцијата?

Оние што ја научиле и ја совладале лекцијата одат понатаму. Нивниот живот и душа добиваат различно значење и димензија.

Првата лекција е на 6 октомври, кога младата месечина е во Вага. Вагата е знак на рамнотежа и бара од нас да најдеме внатрешен мир. Тука е и Плутон (трансформација). Тоа кај некои ќе донесе промена на енергијата. Старата, силна и негативна енергија, ако ја научиме лекцијата, ќе се претвори во убава и позитивна.

Заедно со Младата месечина во Вага, (рамнотежата), ја трансформираме нашата енергија што ја носи Плутон.

Втората лекција е на 7 октомври

Венера, тогаш, излегува од Шкорпија и поминува во Стрелец, што ни дава оптимистички поглед на љубовта без скриените чувства и желби што ги носи шкорпијата. Датумот на таа транзиција е „закажан“ за 7 Октомври.

Третата лекција е на 11 октомври

Сатурн започнува директно на 11 октомври и на сите нас ни дава јасен поглед на иднината. Нема повеќе да се враќаме на старите приказни и нема да размислуваме за минатото, туку сме во сегашниот момент.

Периодот на напредување во кариерата и комуникација ќе започне да се случува на 18 Октомври, кога Јупитер( симбол нс голема среќа и Меркур (симбол на комуникација) ќе донесат период на јасна и прецизна комуникација, без никакви компликации со голема среќа, својствена токму за Јупитер.

Се излегува на површина и нема повеќе ретрограден Меркур што носи погрешна комуникација. Во шкорпијата веќе нема Венера, скриени и темни мисли.

Искористете го преостанатиот период за да ги научите лекциите, бидејќи веќе кон крајот на Октомври, поточно на 30 октомври, ваагата се сели во Шкоропија и тогаш започнуваат приказните, директни и сурови, што ќе донесат вербални напади.

Кога тоа ќе се случи, додека Марс е во Шкорпија, НИКОГАШ не обидувајте се да лажете или да направите нешто што не е во согласност со законите, иако сите ќе бидеме привлечени кон таа темна страна. Темнината ќе владее до 13 Декември, кога Марс ќе влезе во знакот на Стрелец.

Евротип
Евротип
To Top