Новости

Астрологија

Кои се најладните и најзлобните знаци во хороскопот?

Луѓето родени во месеците на овој хороскопски знак, немаат емоции, знаат да се однесуваат лошо, злобно, мрзеливи се и го критикуваат целиот свет што не им е по воља, а утре? Утре е нов ден и тие можат да го мислат комплетно спротивното.

Станува збор за Јарците, барем според Зодијакот…

Pinterest

Тие веруваат дека нивниот збор треба да биде последен. Апсолутно секоја нивна мисла треба да биде ислушана и испочитувана, притоа да нема никаква дискусија и критика од страна на нивната „публика“. Кога се на врвот, тие се способни да станат тирани, а кога се малку подолу од врвот, веднаш знаат „лажно“ да се променат во размислувањата и да ги притискаат сите околу нив за повторно да се искачат најгоре. Ако не владеат, тие не живеат, но ако владеат секогаш знаат да бидат злобни и немилосрдни„кралови и кралици“.

Она што се крие зад нивната студена надворешност се несигурноста, стравот од себе, стравот од другите, стравот од неуспехот, стравот од сопствените емоции. Едноставно, тие се плашат од сè, но многу добро знаат да се камуфлираат. Тоа е така само ако не сте запознале јарец, па ќе бидете изманипулирани. Во спротивно, вие знаете за што станува збор и не можат да ве совладаат така лесно. Ако ги знаете нивните маани, лесно можете да ги прочитате, но сепак, никако не можете да ги контролирате и да им се обраќате.

Иако изгледа дека секогаш имаат контрола, кога ќе бидат преплавени од гнев, тие знаат да бидат многу сурови и агресивни.

Имаат репутација на големи грешници и дури се подготвени да бидат во врска со некого иако мислат дека таа личност не е за нив. Веднаш штом наидат на некого за кого сметаат дека е посоодветен за со него да основаат семејство или ако имаат некаква материјална корист, тие ќе исчезнат.

Сепак, чест на исклучоците и оваа информација е за повеќето од припадниците на овој знак, но лично, познавам многу индивидуи, кои ги имаат баш спротивните карактеристики или…

Можеби сум изманипулиран? Кој знае!

GOLD
To Top