Новости

Астрологија

Најдобри сопруги според хороскопот: Тоа се овие 3 знаци

Прочитајте во кои знаци се родени оние жени кои се најдобри за брак. Припадниците на овие 3 хороскопски знаци се најдобри сопруги.

Рак

Нејзините чувства се секогаш интензивни и со неа тој ќе дознае што значи да се има вистинска дама покрај себе. Таа е подготвена да направи се за избраникот на нејзиното срце да биде среќен. Таа сака сите околу неа да се среќни и секогаш ќе се труди денот да им го исполни со убави работи. Децата за оваа дама се нешто свето и нивните потреби секогаш ги става пред своите. Единствен проблем е што е наклонета кон драматизирање на работите, но тоа е едноставно таа, никој не е совршен, но тоа е ситница во однос на тоа колку е спремна да даде. Се што очекува од својот партнер е почитување, искреност и да биде покрај неа.

Лав

Таа е храбра, бестрашна и неверојатно способна. Покрај себе сака партнер кој ќе биде исто таков, кој ќе и биде рамо за потпирање и поддршка. Таа умее да сака и тоа на свој начин кој секого би го опил., дури и кога се лути е бескрајно симпатична. Нејзините чувства се искрени, покрај неа се чувствувате сигурно. Голем борец е кога нејзините деца се во прашање. Од партнерот очекува да ја поддржува и опсипува со внимание, но тоа покрај неа и самите би го посакале бидејќи таа е таа која го создава љубовното царство.

Јарец 

Тоа што на секој просечен маж би му ја „скршило кичмата“, оваа дама ќе се претстави толку ненаметливо и достоинствено, што ќе се запрашате дали сте воопшто достојни за неа? Ако заклучите дека сте, бидете сигурни дека вашата љубов ќе гори постојано и топло, кога сите останати ќе согорат. Ќе ја одржува пламенот од нејзината одговорност, должност и посветеност. Таа не живее во фантазија, туку е цврсто на земја и добро знае што од кого може да очекува.

GOLD
To Top