Новости

Астрологија

Неделен хороскоп (24.04 – 30.04.2017)

Овен

Со малку повеќе упорност ќе успеете да се справите со обврските на работното место. Бидете уверени и не ја потценувајте помошта, која ќе ви биде понудена. Заедничка работа со професионалец може да ве инспирира за нови идеи и проекти кои ветуваат доста брзо да се стабилизира финансиската состојба.

Ви претстојат средби со позитивни луѓе кои ќе ве натераат да погледнете од друг агол на проблемите кои ги имате во вашиот личен живот. Бидете трпеливи во комуникацијата со саканата личност и не дозволувајте секогаш да доминира.

Бик

Нови одредби ќе ви ги расипат службените планови во текот на следните денови. Уште во почетокот на периодот ќе треба да имате трпение и дисциплина за да успеете да се справите со предизвиците. Не инвестирајте премногу големи суми во бизнис за кој не сте сигурни дека ќе има добивка.

На личен план ве очекува серија од позитивни емоции. Средбата со пријателите кон крајот на неделава ќе ве натера да се опуштите и да заборавите на деловните проблеми. Викендот е погоден за планирање на некој настан или дружење. Оние пак кои не се во врска ќе имаат шанса за нови познанства, а веројатноста флертот да прерасне во сериозна врска е голема.

Близнаци

Неделата ќе биде многу плодна и исполнета со нови идеи и предлози. Проблемите ќе почнат еден по еден да се решаваат, а професионализмот со кој работите ќе биде забележан од човек кој ќе ви даде сериозен предлог за нова и доста доходовна позиција. Внимателно оценете ја ситуацијата, иако шансите за успех се релативно големи.

На личен план ви очекуваат возбудливи и романтични моменти во следните седум дена. Извлечете максимум од викендот, за да поминувате повеќе време со најблиските. Кај некои од Близнаците кои се во долготрајни врски, можно е да се појави љубомора, која ако е неоснована, би можела да ви предизвика непотребни проблеми.

Рак

Односите со надредените се многу добри и сега е време да ги искористите околностите за да ги подобрите условите на работа. Не ги потценувајте советите кои ќе добиете од некој искусен соработник и потпирајте се на тимската работа, ако сакате да постигнете успех. Моментот е погоден за поврзување со истомислениците, кои во иднина ќе ви бидат доста корисни на патот кон врвот.

Пријатни моменти ве чекаат со партнерот ако преземете иницијатива. Искоритете ги деновите од викендот за да ги зацврстите односите со семејството и блиските личности. Отворено искажете ги своите емоции и облагородете ги личностите од вашето непосредно опкружување.

Лав

Успехот на работното место ќе зависи од правилните решенија кои ги преземате. Погледнете на ситуацијата сериозно и ако е потребно побарајте помош од некоја искусна и вешта личност. Важно е решението што ќе го изберете да биде добро осмислено и да почива на здрави основи. Игнорирајте го секој кој се обидува да ви се меша во вашите одлуки.

Во љубовниот живот употребете малку повеќе фантазија и уживајте во моментот. Четврток и петок се особено погодни за патувања и лични задоволства со саканата личност. Оние кои не се во врска нема да можат да се пожалат на недостиг на внимание.

Девица

Мотивацијата е во паѓање, па ќе биде потребно дополнително да се стимулирате за да ги остварите зацртаните планови. За среќа периодот нема да биде премногу строг на професионален план. Пазете се од колегите кои непотребно ќе ви го одвлекуваат вниманието. Оние кои развиваат сопствен бизнис, можат да очекуваат интересен предлог. Вторник и четврток не се најсоодветни за потпишување на нови договори.

Семејниот спор во почетокот на неделава ќе ве натера задлабочено да размислите за некои ставови и миелења. Бидете трпеливи и не дозволувајте на гневот да го победи здравиот разум. Искористете ги предностите на слободното време што останува и планирајте ја иднината.

Вага

Обврските на работното место нема да ви се намалат до следната работна недела, но уште во средината на периодот ќе се види резултатот од неуморната работа во последните месеци.Mногу важно е да успеете да привлечете на своја страна луѓе кои би можеле да ви бидат од корист во иднината на професионалниот развој. Изразете ја својата позиција, но бидете и добар слушател. За околината е важно нивното мислење да биде слушнато.

На љубовен план ве очекуваат незаборавни моменти – оние во врска нека помислат како да го изненадат својот партнер, а неврзаните да очекуваат ново познанство.

Шкорпија

Искористете ги предностите на оваа недела за да ги испланирате добро новите проекти со кои сте се преокупирани. Постои голема можност за реализирање на некој план од минатото, кој бара повеќе напори. Ова сепак не треба да ви пречи – амбициозни и упорни сте, што е предуслов за успех. Иако финансиската состојба е стабилна, бидете одговорни во трошењето на своите ресурси.

За да не си создавате непотребни тензии во приватноста, научете се да велите “не”. Ќе заштедите голем број “главоболки”, ако научите да се поставувате себеси на прво место. Обрнете внимание на вашето здравје и избегнувајте да давате заеми.

Стрелец

Општо земено, неделата што е пред вас ќе биде опуштена на професионален план. Ќе добиете шанса да ја подновите својата работа по стар проект, кој поради една или друга причина сте го тргнале на страна. Немате причина да го сопрете повторно, бидејќи ќе ја добиете потребната поддршка. Пазете се од конкурентите, кои ќе се обидуваат да ве стават во незавидна позиција.

Искористете ги следните денови да постигнете баланс во врската. Не очекувајте партнерот да ги чите вашите мисли и обидете се да бидете повеќе транспаретни. Објаснете кои се вашите очекувања и со заеднички напори обидете се да ги надмине проблемите.

Јарец

Јарците ќе бидат исполнети со енергија во текот на новата недела, а нивната главна цел ќе биде да ги зголемат своите приходи. Ако веќе сте се обиделе да ја стабилизирате финансиската состојба и не сте успеале, немате причина да не го направите тоа повторно. Подгответе си добри аргументи пред да пристапите кон преговори и потпишување на договори.

Постојаната посветеност дури и во викендите може да стане причина за конфликт со блиските личности. Обидете се да одвоите повеќе време за средби со пријателите и семејството. Ако имате намера да се впуштите во нова врска, не се двоумете да го направите првиот чекор.

Водолија

Енергични сте и исполнети со желба за работа , а тоа не може да остане незабележано од претпоставените. Можно е дури да се добие предлог за нова дополнителна работа. На крајот на периодот ќе имате подобри материјални услови и неочекувание парични добивки.

Обрнете внимание на малите нешта кои ве прават среќни. Посвете ја секоја слободна минута на своето семејство и не се плашете да кажете што сакате. Средба со стар пријател ќе ги разбранува емоциите и ќе ги разбуди сеќавањата.

Риби

Пред вас се отвораат можности за напредување на професионален план. Уште во првите денови ќе добиете предлог што ветува стабилна финансиска состојба. Во принцип сте претпазливи и подложувањето на сомнение, но овој пат паметно е да размислите и да ги разгледате можностите за напредок.

На личен план седмицата ќе биде одбележана со нежност и романтика. Односот на партнерот ќе ве натера да се чувствувате сакани, а тоа несомнено ќе се одрази на вашето целокупно расположение. Средби исполнети со пријатни емоции ги очекуваат и оние кои не се во трајна врска или брак.

GOLD
To Top