Новости

Астрологија

Подгответе се! Ни пристигнува последниот ретрограден Меркур за 2021 година

Во вашиот астро календар, означете го 26 Септември како датум на започнување на нова фаза на ретроградното движење на Меркур, што ќе трае до 18 Октомври.

Меркур ќе биде во знак на Вага и ќе биде многу важен за оние кои завршуваат некои нерешени проблеми и задачи во овој период.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Shakeel (@sarashakeel)

Кога Меркур “се движи наназад”, тоа е знак непријатности, незгоден период полн со драми, лоши одлуки, неодлучност, правни проблеми и денови кога баш ништо не ни оди од рака.

Вагата е знак на партнерство, па Меркур ,,се поврзува” со нашите односи во врските за време на овој астролошки период. Се очекува во вашиот љубовен живот да се повторат некои драматични ситуации од минатото, но сепак, користете го овој период за да ги решите некои необјаснети проблеми со комуникација со вашиот партнер. Ова исто така важи и за деловните и пријателските врски! Никој не сака конфликти, но во ваквиот период, ќе можете да ги решите со помош на дипломатијата што му сооддејствува на една Вага и природно балансирање или урамнотеженоста што е својствена само за неа.

Ретроградниот Меркур во знакот на Вага нè тера да ги поставиме работите токму на ,,неа” и да ги измериме, па така, постојано сме помеѓу и против, и ништо не ни е јасно. Избегнувајте да донесете конечна одлука за важни работи.

Исто така, во овој период, подобро е да не се потпишуваат никакви договори.
Размислете за сите опции, но подобро е да го чекате овој период да помине, бидејќи последователно ќе ви стане сè појасно.

Инаку енергијата на Вага носи праведност и хармонија. Потрудете се да ја искористите и да ги избегнете кавгите и проблемите во текот на оваа есенска ретроградна бура!

Извор: Glossy

Евротип
Евротип
To Top