Новости

Автомобили

ВИДЕО: Дедо Мраз ја замени својата санка со Audi RS5 Sportback

Компанијата Audi објави ново промотивно видео за својот Audi RS5 Sportback, а овој пат станува збор за празнична тема со Дедо Мраз во главната улога.

Рекламата ја прикажува приказната за божиќните припреми на Дедо Мраз кој се уште е замислен како крупен човек со голем стомак, веројатно поради млекото и колачињата кои ги консумира. Но, тој за претстојните празници сака да направи неколку промени, да се доведе во добра форма и истовремено да си ја олесни работата.

Следувале напорни тренинзи за да го изгуби вишокот килограми, а резултатите биле одлични. Конечно, на Бадниковата вечер, неговата сопруга и џуџињата се собрале за да го испратат на пат и му врачиле подарок, а тоа е Audi RS5 Sportback.

Со тоа, Дедо Мраз ги заменил своите ирваси со нов автомобил кој може да го влече тешкиот товар без проблем, благодарение на 2,9-литарскиот твин-турбо V6 мотор кој испорачува 444 коњски сили.

GOLD
To Top