Новости

Автомобили

ВИДЕО: Лимузината на Путин има настап во Женева

Ролс Ројс добива сериозен конкурент во оваа класа луксузни возила , а тоа е рускиот модел Арус , кој имаше европска промоција на саемот за автомобили во Женева.

Рускиот Аурус , познат како лимузината на Путин се нуди на европските потрошувачи . Со должина од 6,63 метри и меѓуосовинското растојание од 4,3 метри Aurus Limousine L700  може дас е спореди само со Мајбах 62.

Aurus Senat S600  е далеку помал и е долг ,,само” 5,63 метри со растојание на осовините од 3,3 метри. И во двата случаи внатрешноста е полна со луксуз.

Доминираат кожа , дрво и метал , а секако има и дигитален кокпит и богат инфотејнмент. Се разбира дека се опремени со сите можни безбедносни уреди и има можност за неограничена персонализација.

Европейская премьера новых российских автомобилей класса люкс AURUS SENAT Limousine и AURUS SENAT в Женеве/European…

Gepostet von AurusRussia am Dienstag, 5. März 2019

Располага со 4.4 V8 мотор со хибриден концепт со 598 Кс и 880 Нм. Со тоа Сенат од 0-100 километри стигнува за 6 секунди , а блиндираната лимузина за 9 секунди.

Блиндираниот модел тежи цели 6,9 тони. Погонот е насите тркала и има деветостепен менувач.

Годишно ќе се произведуваат околу 5 000 примероци и тоа со отворањето на новиот погон . Нарачки се примаат , но не се соопштува цената.

GOLD
To Top