Новости

Автомобили

ВИДЕО: Пристина новата лимузина на БМВ

По неколкумесечните претпоставки за изгледот, лимузината од седмата серија на БМВ и официјално е претставена.

Освен поголемата маска, прво паѓаат во очи новите светла. Особено се издвојуваат задните ЛЕД светла , поставени како кај Панамера на Порше. Новата лимузина е многу поголема , но и посилна од претходниците.

Во кабината очекувано е сместен дигитален кокпит и нов управувач , а свои таблети добија и патниците на задното седиште. Лимузината има поголем комфор , како и звучна изолација.

Се подразбираат и масажните и вентилациски седишта , како и највисоки стандарди за ваков тип возила.

Моторот 4.4. V8 е со јачина од 530 Кс , која во серијата 8 доаѓа во облик на 750i xDrive. Во понудата доаѓа и хибридната варијанта со 394 Кс и 600Нм со автономен досег од 58 километри. Лимузината на БМВ M760Li xDrive  достигнува брзина од 0-100 за 3,8 секунди и има максимална брзина од 305 км/час.

За повеќе информации треба трпение до салонот во Женева , каде ќе се одржи и официјалната промоција на најновиот БМВ.

GOLD
To Top