Новости

Автомобили

ВИДЕО: Суперавтомобил преправен во купе-лимузина

„Mercedes“ во март 2018-та го претстави новиот член од семејството „AMG GT“ со необично име: „4-Door Coupe“.

На купувачите им се понудени три опции од новата спортска купе-лимузина: „GT 53“, „GT 63“ и најмоќниот, „GT 63 S“.

За во целост да уживате во преформансите на овој автомобил, неопходно е да го повозите на некоја тркачка патека или на дел на германски автопат на кој нема ограничување на брзината.

Сепак, за достигнување на екстремни брзини, блиски на максимално декларираната од 315 km/h, најдобро и најбезбедно е тоа да се направи на писта на некој аеродром.

„Motorsport Magazine“ го стори тоа на еден аеродром во Мароко. Погледнете како „Mercedes-AMG GT 63 S“ забрзува од 0 до 300 km/h:

GOLD
To Top