(Видео) Маск на спектакуларен начин ја претстави новата TeslaY

Станува збор за кросовер , за кој се очекува дека ќе го надмине моделот 3 на Тесла според продажбата. Цената на новата Тесла е меѓу 30 и 50 000 долари. Y на пазарот доаѓа следната година , заедно со ексклузивниот модел Роудстар и моделот Семи .
Ќе се нуди во 4 изведби со стартна цена од 39 000 долари. Но , за неа ќе се почека до пролетта 2021 , бидејќи Тесла прво ќе ги понуди скапите изведби и тоа од есента 2020.
Најефтина од нив е Лонг Ренџ изведбата со досег од 482 километри , забрзување од 0- 96 км/час за 5,5 секунди и максимална брзина од 209 км/час. Ќе се продава по цена од 47 000 долари .
На промоцијата , Илон Маск најави дека новиот модел Y ќе се продава подобро од моделот 3 и моделот S заедно.
