Новости

Автомобили

Волво повлекува повеќе од милион возила

Автомобилска компанија Волво објави дека повлекува повеќе од еден милион автомобили ширум светот.

Поради грешка при производниот процес, постои сомнеж дека некои компоненти во одредени дизел мотори би можеле да се стопат. Во најлош случај тоа би можело да доведе до пожар во моторот и загрозување на нечиј живот.

Како што известуваат шведските медиуми, техничката грешка се однесува на некои четвороцилиндрични дизел мотори кои се произведени во период помеѓу 2014. и 2019. година.

GOLD
To Top