Новости

Автомобили

Германија ги зголемува субвенциите за електрични автомобили

Германската влада сака до 2030 година на своите патишта да има 10 милиони електрични возила,како дел од стратегијата за зајакнување на сопствената автомобилска индустрија во однос на САД и Кина, пренесува Ројтерс.

Претходно оваа недела, Фолксваген започна со производство на електричен хечбек ID.3, кој, без да се земат предвид државните субвенции, ќе чини 30.000 евра. Според аналитичарите на Еверкор ИСИ, ревидираните стимуланси на домашниот пазар ќе ја намалат цената на овој автомобил на околу 24.000 евра на 25.000 евра.

Фолксваген објави дека фабриката во Звикау ќе произведува 100.000 електрични возила од следната година, зголемувајќи го годишното производство на 330.000 до 2021 година. Досега, повеќе од 35.000 клиенти изразиле интерес за електричен ID.3,.

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека Германија ќе инвестира 3,5 милијарди евра во изградба на инфраструктура за полнење електрични автомобили до 2035 година, ветувајќи еден милион станици за полнење до 2030 година.

Германија моментно е втор по големина пазар на електрични автомобили во Европа, зад Норвешка, со продадени речиси 53.000 електрични автомобили годинава.

Промените за субвензионирање на електричните возила се очекува да стапат на сила овој месец и да останат активни до 2025 година.

Евротип
SNBROKER
To Top