Новости

Автомобили

Германците ја открија цената на својот нaјголем адут во SUV сегментот

На почетокот од продажбата, Mercedes GLS во Европа ќе може да се нарача само со дизел мотор, додека варијантата со бензински генератор ќе биде понудена подоцна. Базниот модел е GLS 350d 4MATIC модел кој користи реден 6-цилиндерски мотор со 286 КС и има почетна цена во Европа од 85.923 евра. По него следи GLS 400D 4MATIC кој го користи истиот мотор но со повеќе „коњи“ – 330. Почетната цена за оваа варијанта е 90.386 евра.

Секако, Mercedes нуди целосен опсег на додатоци, најчесто групирани во пакети. На пример AMG Line пакетот на опрема вклучува промени на надворешноста на возилото и чини 4.284 евра, Exclusive Interior донесува неколку ексклузивни материјали во салонот, а потенцијалниот купувач ќе мора да плати 803 евра.

Ова се пакетите на опрема со цени:

Rear Comfort Plus – 2.118 евра

MBUX Innovation – 1.439 евра

MBUX Rear Seat Entartainment – 2.796 евра

Driving Assistance Package Plus – 2.891 евра

E-Active Body Control – 7.735 евра

GOLD
To Top