Новости

Автомобили

Го има во 10 милиони Тојоти и го намалува бројот на сообраќајки

Safety Sence е прв пат претставен во 2015 во моделот Корола , а само по три години е постигната целта и стана дел од 10 милиони возила. Системот се нуди во 68 држави , а до 2020 ќе биде достапен во 100 земји.

Се претпоставува дека до крајот на годинава три милиони возила на Тојота во Јапонија и пет милиони во САД ќе го имаат овој сигурносен пакет.

Системот помага во избегнување или намалување на штетите и повредите поради сообраќајните несреќи и ги опфаќа системот за автоматско кочење , системот на предупредување при напуштање на коловозната трака , како и системот на префрлање на долгите и кратките светла за време на возењето.

До сега е потврдено дека најчестите несреќи во Јапонија со удар одзади се намалени за 70 % токму поради тоа што во возилата имало вграден Toyota Safety Sense.

GOLD
To Top