Новости

Автомобили

Доцни новиот Голф поради проблеми со еден од системите

Одложен е стартот на продажбата на новиот Голф на VW , поради проблеми со еден од системите .

Продажбата на новиот Голф за европскито пазар почнува во фебруари следната година. ова одложување се должи на проблемите со напредната дигитална технологија во автомобилот , а најмногу поради ажурирање на софтверот за OTA (over the air) технолофијата.

Шефот на овој модел Јирген Стакман изјави дека почетокот на продажбата се одлага за деветтата недела од следната година и дека новиот Голф 8 прво ќе се продава во Германија , а потоа и низ Европа.

,,Никогаш не криевме дека софтверот е од голема важност за нашите идни модели. Пред нас е домашна задача и тимовите се под голем притисок.”, вели Стакман.

Според најавата софтверот во новиот Голф ќе биде десетпати покомплициран од оној на најновите паметни телефони .

Новиот Голф ќе јка има светската премиера во септември на саемот во Франкфурт.

GOLD
To Top