Новости

Автомобили

Интервју со основачот на Drive Drive Car Благоја Петрушев – делењето на автомобил во функција и во Македонија

Живееме во свет на тотална мобилност во која навиката на луѓето да го резервираат своето летување преку booking ili airbnb стана вообичаена работа, веќе на никого не му е чудно да го изнајми домот на некој француз кој живее во Париз додека истиот е на летување во Тајланд….Чудно, но светот ги менува традиционалните навики!

Денеска разговараме со Благоја Петрушев еден од Основачите на drivedrivecar.com, платформа која има за цел да ги смени навиките при користењето на автомобилите во светот.

Можете ли накратко да ни објасните што претставува drivedrivecar.com?

Drivedrive.com најлесно можеме да го објасниме кога би рекле airbnb за возила. Меѓутоа за оние кои не знаат ни што претставува airbnb, би рекле дека преку drivedrivecar.com можете да го поставите Вашето возило на платформата преку Вашиот профил, да ги дефинирате неговите специфики, да ја дефинирате Вашата цена, дури да ја дефинирате и Вашата целна група на потенцијални корисници кои сакале да бидат Ваши пожелни корисници кои би можеле да го изнајмат Вашето возило. Едноставно, да самите генерирате дополнителен приход од своето возило во деновите кога не го користите.

Звучи интересна целата идеја меѓутоа дали мислите дека граѓаните ќе се одлучат за таков начин на заработка?

Секој нов бизнис модел е осуден на ,,скепса,, или на наоѓање причини зошто нешто не би можело да успее, така е во Македонија но така е и во светот. Ние сме свесни ја тоа, и затоа не ги бришиме коментарите на лицата кои не ни исе допаѓаат туку сакаме да со тек на време ги увериме дека модел кој функционира во Франција, Америка, Германија, Англија, може да функционира било каде во светот вклучувајќи ја и Македонија. Долго време работевме да изградиме партнерски однос со Осигурителна компанија која ќе го покрие ризикот и тоа го решивме преку нашиот партнер СН брокер и Осигурителната компанија Евроинс.

Токму тоа и сакав да Ве прашам дали возилата се осигурани, дали корисниците имаат некаква сигурност дека некој нема да ги оштети нивните возила?

Да секако, тоа е и причината зошто неможе ваквиот бизнис модел да се активира побрзо на некој пазар, затоа што е потребно да многу други работи се усогласат, дефинираат, постават со цел да корисниците имаат сигурност од двете страни, и оние кои изнајмуваат возила, и оние кој се сопственици на возилото. Секој кој е сопственик на возилото може да има своја полиса или да користи полиса која е специјално дизајнирана за овој проект и која го покрива осигурувањето во периодот додека возилото е изнајмено. Овде мислам на комплетно каско осигурување. Целиот процес на осигурувањето е автоматизиран и полисата ја добива корисникот по емаил.

Која е сигурноста на сопственикот дека возилото нема да му биде оштетено?

100% сигурност нема во ништо и тоа е добро познато, меѓутоа овде ризикот е сведен на минимум на неколку начини:

  1. Корисници на нашата платформа се лица кои го имаат пријавено својот идентитет и секако дека подлежат на кривична одговорност доколку направат штета,
  2. Корисниците оставаат депозит кој може да им биде намален за направената штета,
  3. Корисниците мораат да водат грижа каков е нивниот рејтинг бидејќи оние кои ги огласуваат своите возила ги оценуваат после завршувањето на целокупниот процес, како и обратно,
  4. Корисниците од старт се пософистицирани корисници, кои знаат да управуваат со технологии, кој имаат своја кредитна картица, и кој сакаат да имаат свој рејтинг.
  5. Најважното, ние водиме сметка да оние корисници или оние сопственици кои го рушат имиџот на платформата ги отстраниме од платформата,

Ги споменавте кредитните картички, дали корисниците може да му платат на сопственикот во готово?

Не, секоја резервација подлежи на плаќање преку системот кој го интегриравме во Македонија со Унибанка Скопје, и кога некој ќе ја резервира колата во тој момент се резервира целокупниот износ кој е предмет на таа резервација.

Колку мислите дека еден сопственик може да заработи доколку го издава своето возило?

Сопствениците може да заработуваат различно, во зависност од тоа како сакаат да ја дефинираат својата стратегија во однос на цената. Меѓутоа секако податоците кој ги имаме од Франција ги сметаме за релевантни и таму сопствениците кои ги огласуваат возилата повеќе од 20 дена на месечно ниво оствариле дополнителен приход од 720 евра месечно.

Да ли на платформата може да огласуваат возила само физички лица или и правни лица?

Да, на платформата може да огласуваат и правните и физичките лица исто така и да изнајмуваат правни и физички лица.

Да ли мислите дека и државните институции треба да ги огласуваат своите возила на платформата?

Прво мислам дека државните институции треба да имаат само одреден број на возила кои се строго употребливи, а како второ секоја нивна потреба за автомобил треба да биде решлива преку класично изнајмување.

Нема ни една разумна причина да некоја државна институција има во свое сопствеништво автомобили и истите ги одржува, сервисира и им паѓа амортизационата вредност. Кога знаеме дека просекот на користење на автомобилите е не повеќе од 2 часа дневно. Едноставно, тоа е решливо преку мобилни изнајмување кое ќе се случува плански и на едноставен начин, а оние кој во овој момент имаат автомобили треба да ги постават на платформата за да заработуваат во меѓувреме.

Секоја фирма па и било која друга институција треба да ја обавува својата работа максимално професионално, а оние споредни средства треба да ги изнајмува. Тоа е логично зарем не!

Како мислите дека ќе се изборите со конкуренцијата која владее во светот во однос на новитетите кој ги промовираат старт апите кои се слични на Вашиот?

Нема тука некој магичен одговор, се трудиме да на размилуваме day by day и да бидеме како тим проактивни, да го слушаме пазарот, и да бидеме прагматични, секогаш имате предности и мани и кога сте многу големи и кога сте мали, ние се трудиме како тим да ја гледаме нашата предност, точно знаеме што сакаме, што можеме, а што не сакаме, и на тој начин ги дефинираме нашите следни чекори и во технолошкиот развој и во пенетрацијата на пазарите.

Во тој контекст, во 2019 година на кои пазари ќе биде активна drivedrivecar.mk?

Се надеваме и планираме ако ја заокружиме финансиската конструкција дека во 2019 година ќе бидеме активни во Македонија, Србија, Словенија, Романија, Бугарија и Холандија.

Дали планирате и проширување на бизнис моделот со некои други услуги кои сакате да им ги понудите на корисниците?

Не само што планираме туку и работиме на некои од нив, меѓутоа имаме точна интерна динамика како да ги развиваме тие наши технолошки новитети и како да ги пласираме во јавноста. Во секој случај во следните две години ќе следат многу новитети од нашата развојна кујна.

На крајот, можеби сакате да им порачате нешто на нашите читатели а Ваши потенцијални корисници?

Немам некоја генијална порака меѓутоа би сакал да ги замолам да се регистрираат на платформата и да со нас го поделат искуството кое го имале. Без разлика дали се од страната на оние кои ги делат своите автомобили или од страната на тие кои ги користат. Важно ни е искуството на корисниците кое сакаме да го добиеме, и да заедно ги отклонуваме грешките и ги подобруваме процесите.

Drive Drive Car – платформа која ќе го промени начинот на изнајмување возила

Во просек, секој човек го користи своето возило по 2 часа во денот. Зошто да не го споделите возилото со друг и да заработите?

Замислете Вашето возило да може да заработува за Вас во периодот кога не го користите. Ова е можно со иновативната платформа која го решава проблемот со недостиг на места за паркирање со тоа што им овозможува на луѓето да ги изнајмуваат своите возила на оние на кои им треба, наместо да ги паркираат.

Peer-to-peer (П2П) споделувањето на возила е иновативен пристап во индустријата на „Sharing Economy“, каде што сопствениците ги споделуваат своите возила за другите луѓе да можат да ги изнајмуваат.

Што претставува Drive Drive Car?

Drive Drive Car е п2п платформа за изнајмување возила наменета за физичките и правните лица, вклучувајќи ги и рент-а-кар компаниите, на кои им е овозможено бесплатно да ги пријават своите возила и да заработуваат од нивно изнајмување во периодот кога не ги користат за сопствени потреби.

Drive Drive Car е исто така наменет за производителите т.е. овластените дилери на нови возила кои може да ги пријават своите тест возила за да можат корисниците бесплатно да ги тестираат или по некоја промотивна цена која ја одредува сопственикот. По тестирањето, корисниците имаат можност да го купат тестираното возило по промотивна цена.

Drive Drive Car, во соработка со осигурителната компанија Еуроинс, нуди Каско осигурување по ден за сите возила што ќе бидат изнајмени преку платформата. Дополнително, корисниците може да изберат патничко осигурување или осигурување за помош на пат на моторни возила и да доплатат за нив.

Drive Drive Car е единствена платформа од ваков вид во овој дел на Европа со иновативен peer-to-peer пристап за споделување возила помеѓу корисниците што изнајмуваат и сопствениците кои ги споделуваат своите возила и на тој начин заработуваат. Моделот е специфичен бидејќи им овозможува на сопствениците на возила сами да ги дефинираат условите за изнајмување според нивните желби и потреби, и да
понудат дополнителни производи и услуги за корисниците кои изнајмуваат возила преку платформата.

Drive Drive Car го решава проблемот со недоволното користење на возилата од страна на нивните сопственици. Платформата им овозможува на сопствениците дополнително да заработат со помош на своите возила во деновите кога не им се потребни. Од друга страна, на корисниците на возила им е овозможен лесен и едноставен начин на изнајмување возила со само неколку клика, за разлика од стандардните рент-а-кар компании, каде што е потребно повеќе време и документација за успешно изнајмување на возило.

Повеќе за платформата можете да дознаете на следниот линк: https://mk.drivedrivecar.com/​ како и да ја симнете нивната Android апликација: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.drivedrive.car.ddc

 

GOLD
To Top