Новости

Автомобили

Македонци направија Фиќо на електричен погон

Електричните автомобили се многу популарни во светот, а денеска еден таков беше промовиран и кај нас во Македонија – станува збор за возилот наречено „ЗАС Г20“.

Легендарното Фиќо беше реставрирано и во него беше вграден електричен мотор, батерии и останатата опрема за конверзија од бензиски во електричен погон.

Возилото може да помине до 150 километри со едно полнење на батериите, а максималната брзина, која може да ја достигне изнесува 130 км/ч и притоа воопшто не загадува.

Батериите се полнат за три ипол часа на обичен мрежен приклучок, додека на еднонасочен полнач батериите би можеле да се наполнат за 15 минути.

„Со своите карактеристики автомобилот е рамо до рамо со светските производители на мали електрични возила“, кажа Ален Јегени.

GOLD
To Top