Новости

Автомобили

Маск најави каде ќе ја гради првата европска фабрика на Тесла

За локација на првата фабрика за изработка на авотмобилите на Тесла во Европа , Илон Маск ја одбра Германија.

„Сите знаат дека Германците се несомнено мајстори за инженерство. Тоа е една од причините зошто ја одбравме Германија за локацијата на нашата Гигафабрика во Европа“, рече Маск на церемонија за доделување награди за автомобили во Германија.

“Berlin rocks”, рече Маск, додавајќи дека ќе формира центар за инженерство и дизајн во Берлин, „затоа што берлинската уметност е меѓу најдобрите во светот“.

Според AutoExpress, дополнителен мотив за избор на Германија е излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.

„Поради неизвесноста што ја создаде Брегзит, беше премногу ризично за идна локација да ја избереме Велика Британија“, рече Маск.

Германија се најде во фокусот заради растечката тенденција на европските купувачи за електрични автомобили, забележа Би-Би-Си.

Наредните години најголемите фабрики за електрични автомобили ќе се градат во Германија, Франција, Шпанија и Италија, покажуваат анализите во авто индустријата.

БиБиСи исто така забележува дека до 2023 година, според најавите во Европа, треба да се изградат 16 големи фабрики за склопување на литиум-јонски батерии кои треба да бидат оперативни.

Teсла ќе произведува батерии, оски и возила во објектот близу берлинскиот аеродром, започнувајќи со малку поевтиниот Model Y SUV. Претходно, тие најавија дека планираат да започнат со производство во Европа во 2021 година.

Компанијата веќе гради Гигафабрика во Шангај за производство на Model 3 и Model Y.

Инвеститорите сè уште се воздржани кон американскиот производител на електрични автомобили бидејќи од година во година работи со загуба. Добрата вест доаѓа во последните два квартали од 2018 година кога е забележан позитивен деловен резултат пренесува канал5.

GOLD
To Top