Новости

Автомобили

Најевтиниот електричен автомобил доаѓа од Германија

Наскоро и на патиштата ќе се најде најевтиниот електричен автомобил на e.Go Mobile.

Германската компанија e.Go Mobile има автомобил , со кој сака да го постигне статусот на најпродавано електрично возило. Со оглед на вената , шансите за тоа не се толку лоши.

Германската компанија и целиот проект за изработка на електричен автомобил ја предводи професорот Гинтер Шух , кој е познат по производството на електрично возило за дотур , што го изработува заедно со Форд и е наменет за германските пошти.

Втор проект е изработка на електрично градско возило. Се предвидува да има три изведби на малиот електричен автомобил .Најскромниот е Life 20 , кој има електромотор од 20 kW и нуди досег од 121 километар со едно полнење. За 7,7 секунди достигнува брзина од 50 километри на час со максимална брзина од 116 километри на час.

Следен е Life 40 со двојно посилен мотор . За 4,7 секунди достигнува 50 км/час , а досегот му е 142 километри.

Најдобри перформанси има Life 60 со електропогон од 60 kW , кој 50 км/час достигнува за 3,4 секунди , има автономно возење од 184 километри и наксимална брзина од 150км/час.

Почетната цена за ова мало градско возило е 14 900 евра.

GOLD
To Top