Новости

Автомобили

Најмалиот SUV на Hyundai ќе се вика Venue

Hyundai ги следи трендовите во моделските понуди и се обидува да учествува со SUV модел во сите сегменти – па и во најмалиот преку новиот Venue, кој е долг само четири метри.

Venue e новиот мал SUV на Hyundai. Venue e долг само 4 метри, околу 13 сантиметри пократок од својот поголем роднина – Hyundai Kona.

Hyundai го најавува Venue како SUV за млади и енергични луѓе, нудејќи го во 8 интересни нијанси и можност за избор на кров со различна боја од остатокот од каросеријата. На предниот дел доминираат дводелните светлосни групи и храбрата маска, додека задниот дел изгледа поконзервативно со исклучок на една линија на браникот која кај секој Venue ќе биде во истата боја како и кровот.

Внатрешноста на Venue не нуди нешто особено возбудливо и сосема потсетува на моменталната моделска понуда на Hyundai. Тоа и не е така лошо, бидејќи значи дека во малиот SUV ќе може да се вгради 8-инчен централен екран на допир, 3.5 инчен екран во склоп на инструмент таблата, задна камера, Android Auto и Apple CarPlay синхронизации, како и низа на безбедносни системи кои се наоѓаат во поголемите Hyundai модели.

Од мотори, сосема извесен е само еден – 1.6 литарскиот турбо бензински мотор со SmartStream технологија која во суштина значи подобрено вбризгување на горивото и подобрен систем за ладење на моторот кој поефикасно одржува оптимални температури.

GOLD
To Top