Новости

Автомобили

Новиот Audi R8 ќе биде на струја

Меѓутоа, компанијата од Инглоштад се уште нема одлучено каков вид на мотори ќе користи овој модел.

Директорот на одделението Audi Sport, Оливер Хофман истакна дека компанија има неколку интересни концепти за следниот R8, како и дека суперавтомобилот нема да има мотор со внатрешно согорување (SUS).

– Мислам дека нема да развиваме наследник на актуелниот модел со атмосферски мотор, ниту стандардниот SUS агрегат. Во иднина ќе го електрифицираме R8, но се уште не е одлучено за кој вид на електрификација. Работиме на концептот, во контакт сме со управниот одбор, но засега не е донесена никаква одлука. Имаме некои многу интересни концепти во поглед на моторот, како и цела концепција на автомобилот. Сепак се уште немаме одлучено – вели Хофман.

Актуелната втора генерација, базирана на платформата на која е направен Lamborghini Huracan, во продажба е од 2015. година, а како агрегат користи V10 5,2-литарски FSI.

GOLD
To Top